14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаЗдравје и убавинаВАШАТА КРВНА ГРУПА НОСИ ОДГОВОР КАКВО ЌЕ БИДЕ ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ -ПРОЧИТАЈТЕ ДА...

ВАШАТА КРВНА ГРУПА НОСИ ОДГОВОР КАКВО ЌЕ БИДЕ ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ -ПРОЧИТАЈТЕ ДА ДОЗНАЕТЕ ?

Крвната група не треба да ја знаете само ако треба да дарувате или да примате крв. Таа во себе носи многу одговори кои се однесуваат на вашето здравје.

Како што веќе ни е познато од часовите по биологија, постојат молекули наречени А или Б антигени кои може да бидат присутни во крвта или воопшто да ги нема, како и протеинот наречен Rh-фактор. Па така, има осум крвни групи и тоа А+, А-, Б+, Б-, АБ+, АБ-, 0+ и 0-. Овие антигени различно влијаат во секој организам, но има одредени болести кои се заеднички за една крвна група.

Прочитајте нешто повеќе за тоа од што треба да се штитите, во зависност од крвната група:

А, Б и АБ група

Овие крвни групи имаат 25-30% повисок ризик за создавање тромбови за разлика од нултите групи.

0 група

Како што веќе споменавме, нултите групи имаат понизок ризик за создавање тромбови, но имаат проблем со коагулација во случај на поголема повреда, кога крвта треба да создаде засирен тромб на површината, за да се спречи крварење и да се обезбеди зараснување на раната.Според повеќе анализи, женските носители на крвни групи 0+ или 0- имаат природно пониско ниво на фоликулостимулирачки хормон (FHS), односно помали резерви на несозреани јајцеклетки.

А, Б и АБ група

Носителите на ненулти крвни групи имаат почувствителен дигестивен систем. На пример, при хеликобактер пилори, нултите групи полесно се справуваат со симптомите.

А, Б и АБ група

Ненултите крвни групи, како што веќе наведовме, се посклони кон тромбови, па така и кон длабока венска тромбоза, која може да се појави во нозете и рацете.

АБ група

Иако се работи за најретката крвна група, без разлика на Rh-факторот, нејзините носители имаат 82% повисоки шанси за когнитивни проблеми, како што е губење на меморијата, целосно или парцијално, но и проблеми да се запаметат одредени факти.

А и Б група

Носителите на овие две крвни групи имаат високи шанси за дијабетес, особено оние со крвна група Б. Иако нема јасна причина зошто е тоа така, една од претпоставките е дека крвната група влијае врз GI-микробиомот, кој пак, дејствува врз метаболизирањето на глукоза во телото.

 

 

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...