10.6 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаЗа првпат по Хаг, Јохан распали по Брат Љубе

За првпат по Хаг, Јохан распали по Брат Љубе

Статус на Јохан Тарчуловски: ,,Гледам дека Љубе седнат во скутот на Заев се интересира за ТВ дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Од друга страна, интересот на ВМРО-ДПМНЕ е да има ТВ дуел со оној кој што му диктира на Љубе вака да пишува, а тоа е Зоран Заев, се со цел да се дискутира за катастрофалните политиките што ги води во државата. Иако е осмислено од советниците за ПР на Заев, кои се со средно училиште, сепак е премногу.

И кога сме кај ВМРО, Љубе седнат во скутот на Заев, најмалку има право да зборува за ВМРО и да го повикува Мицкоски, затоа што на ВМРО не му треба Љубе, но очигледно му треба на Заев, кој го продаде името, свитка кичма и не му е мака за тоа.

Секој ден нова трговија, и се така додека Љубе си молчи, а Заев продава. Ете тие двајца, Љубе и Заев, може да си зборат за внатрешна и надворешна трговија и да си се восхитуваат еден на друг. Љубе да го восхитува Заев со инвестициите, а Заев да се фали со ФБ и Гугл, кои не дојдоа. И се така да си се лажат еден со друг, затоа што тоа најдобро го прават.

Црни Љубе, помина твоето време во политиката, а гледам од инвестициите ви врват само оние домашните, во 4 очи, а странските ги нема. Уште 17 дена Заев премиер, исто толку и Љубе советник.”

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...