18.9 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонците во Албанија бараат православниот Божик да биде државен празник

Македонците во Албанија бараат православниот Божик да биде државен празник

Васил Стерјовски, единствениот Македонец пратеник во албанскиот парламент од
редовите на партијата Македонска алијанса за европска иднина (МАЕИ) бара државата
да го прогласи 7 јануари за државен празник.
„Денес во албанското Собрание го поднесов предлог-законот „За изменување и
дополнување на законот бр. 7651. од 21.12.1992 година, „За официјалните празници и
спомен денови “, изменет и дополнет“.
Преку овој амандман, предлагам албанското Собрание да го прогласи за официјален
празник во Република Албанија 7-ми јануари како Ден на Божик според Јулијанскиот
календар за македонско, српско и црногорско национално малцинство од православна
вероисповед“, соопшти Стерјовски на Фејсбук.

Пратеникот додава дека оваа иницијатива има поддршка од Советот на општина
Пустец, од каде сметаат дека тоа е неопходно неопходно со оглед на фактот дека
Општина Пустец е населена со 100 отсто македонско население од православна
вероисповед и православните празници жителите на оваа општина го слават Божик
според Јулјанскиот календар.
Поддршка, вели Стерјовски, дадоа и здруженијата кои ги поддржуваат интересите на
македонското, српското и црногорското национално малцинство во Албанија, како и
Државниот комитет за малцинства.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Транспортирано болно лице од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер

Транспортирано болно лице од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер Денеска беше реализиран успешно транспорт од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер („медикоптер“) на болно...

За една година затворени 14 училишта во Македонија

За една училишна година се затвориле четиринаесет основни училишта, покажуваат бројките кои ги објави Државниот завод за статистика. „Според податоците на Државниот завод за статистика,...

„ДИРЕКТОРОТ НА ТОКСИКОЛОГИЈА СИ ЈА ВРАБОТИЛ СНААТА“: Новинарот Фуркан Салиу со уште еден „упад“ во клиника, овој пат обвинува за непотизам на Токсикологија

Новинарот Фуркан Салиу во уште едно видео за ПорталХ, обвинува дека директорот на Клиниката за Токсикологија си ја вработил снаата. „Директорот заборавил дека ја вработил...

Пендаровски: За мене сите се еднакви во Македонија.

За мене сите се еднакви во Македонија вели претседателот Стево Пендароваки. Денеска во Ранковце си подадовме рака со активистите на ВМРО-ДПМНЕ и на противкандидатката...