5.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаСветПораки од Бугарија Ниту во ОН ниту во Европската унија нема белгиски...

Пораки од Бугарија Ниту во ОН ниту во Европската унија нема белгиски или австриски јазик па не треба да има ни македонски

„Раководството на Бугарија мора да заземе јасен став по повод обидот на Северна Македонија да постигне признавање на македонскиот јазик“.

Тоа го изјавил претседателот на партијата Атлернатива за бугарскиот препород, Румен Петков.

„Ние инсистираме на институционален став по повод на ова прашање. Ниту во ОН ниту во Европската унија нема белгиски или австриски јазик што тие земји и нивните жители нормално го доживуваат. Потребно е да се разјаснат прашањата за заедничката историја додека сè останато е беспринциелност на Борисов пред Брисел“ – изјавил Петков.

Според неговите зборови на тој начин Скопје наскоро ќе може да поставува и територијални барања.

„Територијалните претензии се само прашање на ден“ – нагласил политичарот, пренесуваат од “Спутник“.

Во почетокот на декември Македонската академија за науките и уметностите ја усвои Повелбата за македонскиот јазик во која го окарактеризираа како независен книжевен јазик кој официјално се зборува во нашата земја. Тоа предизвика остри критики од страна на Бугарската академија за науките (BAN).

„Македонец и Бугарин се два збора кои значат едно исто. Поради тоа ги повикуваме нашите браќа од другата страна на границата да не претеруваат“ – се наведува во соопштението на партијата ВМРО-Бугарска од претходната недела

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...

Давкова: Без Охрид, Македонија нема да биде почитувана! – порача таа од синоќешниот митинг.

На 9-ти мај, ќе ја славиме Македонија како твоја и Македонија како горда! Ви ветуваме дека ќе докажеме дека нема да ве срамиме, дека...

Нема влада без Левица…

Со децении веќе доаѓаат со план за власт, да земаат, да пустошат и да крадат! Татковината која ја сакаме ја претворија во перална за...

Македонската професорка Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот

Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит...