4.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаЗа младите во Македонија перспектива е и Африка: Невработеноста поголема само во...

За младите во Македонија перспектива е и Африка: Невработеноста поголема само во Јужна Африка и БиХ

Германија, Шведска, Белгија, Швајцарија не се единствените ветени земји за младите од Македонија. Македоноската младина може да си ја побара среќата и да ја најде и во добар дел од земјите од Африка.

Според истражување што го објавува престижниот „Економист“, во 2018 година невработеноста меѓу младите од 15 до 24 години била највисока во Јужна Африка и изнесувала 52.9%, веднаш зад неа е Босна и Херцеговина со 46.7% и Македонија со 44.7%.

Под нас на листата се змји од третиот свет или пак од Азија, во кои со децении се војува: Намибија, Свазиленд, Западниот Брег и Газа, Либија, Боцвана….

Од регионот, само Босна и Херцеговина е полоша од Македонија, а пред нас е Грција со 39.5%, Србија со 32.1%, Албанија со 31.00%, Црна Гора 29.1%, Хрватска 25.2%. Меѓу 40-те најлоши ги нема Бугарија и Словенија.

Од Гаранција за млади добивме билети во еден правец
Во 2016 година, во предизборната кампања на СДСМ можевме да слушнеме дека младите во Република Македонија најсилно ги почувствувале погубните политики на актуелната власт.

Три години подоцна можеме да се сложиме со СДСМ и да го констатираме истото.

Иако нудеше План за живот на младите во Македонија, СДСМ им подели билети во еден правец на 1200 млади лекари, илјадници информатичари, односно на секој трети образован млад човек во земјава.

Загрижувачки е што голем процент од невработените млади луѓе во државата се невработени повеќе од една година, што дополнително ги намалува шансите за нивно вработување.

Низа истражувања на домашни или меѓународни институции ги отсликуваат состојбите во Македонија. Според истражување на германската фондација „Фридрих Еберт“ повеќе од две третини од испитаниците млади имаат желба да ја напуштат државата. Половина од нив преземаат конкретни мерки, а другата половина засега само сака да се пресели во западните земји.

Податоците од студијата се направени во 2018 и 2019 на повеќе од 10.000 испитаници на возраст помеѓу 14 и 29 години во 10 држави од Југоисточна Европа. За повеќето млади луѓе (48,3%), главна причина за иселување е подобрување на животниот стандард. Младите се најсензитивни на корупцијата, социјалната неправда, сиромаштијата, невработеноста. Најпосакувана дестинација им е Германија, а веднаш по неа Швајцарија.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Истепан вработен во ЕВН во Сарај.

Во текот на вчерашниот ден во 15.00 часот во СВР Скопје, Д.Б.(38) од с.Кадино, општина Илинден, пријавил дека во с.Глумово, општина Сарај, при извршување...

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони. Тоа беше направено во содејство со службите од кои...

Грејната сезона во Македонија продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека...

Скафандерот стана дел од мене, уште го чувам – вели Костадиновска-Стојчевска

Тој скафандер стана дел од мене, го чувам и ќе ми дозволите да ви кажам од кои причини го чувам. Јас бев две години...