8.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаСДСМ: ''Убедливо сме фаворит на предвремените избори на 12 април, доколку продолжиме...

СДСМ: ”Убедливо сме фаворит на предвремените избори на 12 април, доколку продолжиме вака за брзо младите ќе се вратат во Македонија”.

СДСМ убедливо води на сите анкети и е убедлив фаворит на предвремените парламентарни избори на 12 април, објави денеска владејачката партија.

– На граѓанската трибина „На прав пат“ во преполната сала Борис Трајковски граѓаните можеа да видат нов, енергичен СДСМ кој постојано се менува, со европски концепт, партија целосно мотивирана за работа во интерес на граѓаните. Со постоечката партиска екипираност и со новите луѓе, сите капацитети ги ставаме во служба на граѓаните и нивните интереси. Преку бројните активности, над 600те маалски и урбани средби, над 20те граѓански трибини низ државата, преку секојдневните посети на наши членови и активисти од врата до врата, го слушаме гласот на граѓаните, ги нотираме нивните потреби и барања и заеднички наоѓаме решенија, се вели во соопштението.

Нашите тимови, се додава во продолжение, остануваат со граѓаните.

– Сите забелешки и предлози внимателно ги анализираме и ги вградуваме во решенија од новата програма со која СДСМ ќе настапи на предвремените избори. Масовните посети на трибините, а особено на последната во „Борис Трајковски“ покажа дека граѓаните го препознаваат одговорниот и развоен, европски концепт што го нуди СДСМ. Таква ќе биде понудата на СДСМ и за следните избори на 12 април. Затоа СДСМ убедливо води на сите анкети и е убедлив фаворит на предвремените парламентарни избори на 12 април, се вели во соопштението.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...

Доживотен затвор за кочанскиот монструм кој уби жена со 41 убод од нож

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за...

Ахмети на импровизирана седница го избра Села за претседател на Собранието, ги усвои и измените на Уставот!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го прогласи лидерот на Алијанса за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села за претседател на Собранието на Македонија,...

ВМРО-ДПМНЕ традиционално ја стартува кампањата од Охрид, вечерва митинг на Градскиот плоштад

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, со голем народен митинг, вечерва традиционално ќе ја започнат кампањата за парламентарните избори од Охрид. На настанот, кој со почеток...