13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаКој е Воислав Будисавјевиќ, партнерот на Стојановска?: Човек со богато криминално досие,...

Кој е Воислав Будисавјевиќ, партнерот на Стојановска?: Човек со богато криминално досие, главен “бизнис” му е трговијата со дрога

Познатата актерка Силвија Стојановска вчера беше уапсена како осомничена во врска со шверц на 700 килограми кокаин во Шпанија.

Заедно со актерката беше уапсен и нејзиниот партнер Воислав Будисавјевиќ, кој во 2010 година беше осуден заедно со Персида Момировска – Мадам Пепи, поради шверц на кокаин и брендирана облека. Момировска, покрај брендираната гардероба која била крадена најчесто од Германија и Италија, во својот стан продавала и кокаин кој од Перу ѝ го набавувал токму Будисавјевиќ.

Сепак, според првостепената пресуда, Будисављевиќ никогаш не беше суден за овие дела, односно тој одговараше само за фалсификување на службена исправа, бидејќи во станот на Мадам Пепи беа пронајдени негови фалсификувани лични документи, односно фалс бугарски пасош, лична карта и возачка дозвола, кои се воеделе на името Симов Лазо.

Мадам Пепи беше осудена на 4 години и 11 месеци затвор, а во текот на судењето Момировска призна дека дел од стоката ја продавала без да плати давачки кон државата, но негираше поврзаност со пратката кокаин од Перу.

Tocka.mk

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...

Излажан Тетовчанец за 11.000 евра: Албанец му ветил дека ќе му отвори фирма во Дубаи, па останал и без пари и без фирма..

57-годишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот...

Зајкова: Легализацијата на употребата на канабис ќе донесе ред и економски придобивки за државата

ЛДП е првата партија што во својата програма има ставено дека се залага не само за декриминализација на канабис, туку и за легализација на...

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...