6.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаСветНајубав божиќен подарок: Тинејџерка го победи ракот пред Божиќ

Најубав божиќен подарок: Тинејџерка го победи ракот пред Божиќ

Клои Крес (14) била пациентка во детската болница во Мемфис 18 месеци заради ретка форма на карцином кој се развива во мускулното ткиво, најчесто во нозете, рацете или градите.

Во јуни 2018 година, Клои многу почнал да ја боли грбот. Бидејќи добила и треска и имала проблеми со одењето, отишла во болницата каде е откриено дека има маса во градите. Потоа била пренесена од болницата во Тенеси во Мемфис, каде било откриено дека има многу ретка форма на карцином, кој исто така бил напреден.

„На почетокот, само слушате дека е напреден и мислите, ох леле, ќерка ми има рак четврти стадиум“, вели нејзиниот татко, Шон.

„Првото прашање на Клои беше дали ќе умре“, ракажува татко и.

Шон цело време бил покрај неа – низ хемотерапија и осум операции за средување на компликациите со хранопроводот.

Сега, речиси 2 години откако и бил дијагностициран карцином, Клои конечно си оди дома – како победник.

„Фала му на Бога, таа го победи ракот. Тоа е лудо. Помина толку време, а вие не престанувате да се надевате, но конечно заврши. Нереално е. Не можам да опишам колку сме среќни. Некако живеевме третман по третман и се прашувавме кога ќе заврши“, рече Шон.

Клои едај чека да биде заедно со семејството и нејзините кучиња. Во исто време, поставена е сметка на GofunoMe за да се соберат донации за разубавување на нејзиниот Божиќ.

Ова е навистина еден од најдобрите подароци за Божиќ.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...