6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаЗабаваТри години сум во врска со тетинот ! Почнавме спонтано на море,...

Три години сум во врска со тетинот ! Почнавме спонтано на море, но знам дека никогаш нема да ја остави тетка ми! Очајна сум…

Една 28-годишна девојка се заљубила во партнерот на нејзината тетка, а во една искрена исповед објаснила дека тоа не го бирала сама, туку едноставно се случило.

Имено, нејзината тетка е само 10 години постара од неа, па од таа причина е многу блиска со помалата сестра на мајка ѝ. Сепак сè се променило кога тетка ѝ ја повикала да оди со неа и нејзиното момче на одмор.

„Беше прекрасно, но тетка ми мораше да се врати дома порано, поради работа, така што последните 5 дена од одморот, нејзиното момче и јас ги поминаве сами. Истражувавме многу места, вечеравме во ресторани… Чувствував дека нешто се случува помеѓу нас. Последниот ден од одморот станавме малку подоцна, а тој постојано ми даваше комплименти од кои целата треперев. Тогаш ме бакна и завршивме во кревет“, ја започнала приказната девојката.

Иако парот се договорил грешката од патувањето да не се повтори, не требало да помине многу време за планот да им падне во вода. Секогаш кога тетката ќе отидела на деловно патување, парот бил заедно. Нивната афера трае веќе три години.

„Јас знам дека тој никогаш нема да ја остави тетка ми, впрочем, јас никако не сакам да ја видам повредена… Сакам оваа афера да заврши, но мислам дека не сум доволно силна“, рекла девојката со надеж дека терапевтката ќе ѝ помогне.

„Иако е тешко да исфрлите некого од животот, замислете колку би ѝ било тешко на вашата тетка ако дознае за аферата? Или можеби твојата мајка? Ако мажот навистина те сака, ќе излезе од таа врска“, рекла Деидре и додала дека е време да најде некој кој во целост ќе ѝ се посвети.

Извор Точка

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...