11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаХуманост  - ТАМАРО МАРКЕТИТЕ ДОНИРААТ 6000 ЕВРА ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА СВОЈОТ СОГРАЃАНИН...

Хуманост  – ТАМАРО МАРКЕТИТЕ ДОНИРААТ 6000 ЕВРА ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА СВОЈОТ СОГРАЃАНИН ТАЧО

Трајан Целески Тачо се избори со туморот на мозокот, но болеста повторно се врати. Поради критичната состојба, на 30-ти ноември тој итно замина на лекување во Италија. Операцијата беше успешна но на Тачо му се потребни повеќе средства да се избори со болеста.

По тој повод менаџментот на брендот Тамаро одлучи да донира 6000 евра за помош на својот сограѓанин Тачо.

Овој пат решивме традицијата да ја продолжиме на еден различен и хуман начин. Секоја година правиме настан и секоја следна година станува се’ поголем и поголем, донираме пакетчиња за нашите лојални муштерии кои пазарат кај нас со специјални гости и прекрасна надворешна Бадникова вечер.

 

Оваа година решивме сите средства од пакетчињата и организацијата да ги донираме во хуманитарни цели затоа што многу наши сограѓани имаат сериозна потреба од тоа. Дел од парите ќе ги донираме за помош на нашиот Трајан Целески- Тачо, ја продолжуваме и 7 години долгата традиција за поддршка на Бадниковата поворка. Ќе донираме 300 пакетчиња за најмладите кои носат радост по градот пеејќи ја Божикната песна „Вечниот Бог“, а преку охридскиот Црвен крст ќе донираме уште 100 пакетчиња за децата од социјално ранливите категории граѓани за да донесеме радост во многу домови во нашиот град. Изјави менџарот на Тамаро маркетите Климент Србиноски.

„Тамаро“ маркетите ја започнаа успешната приказна на градење на посебен бренд во далечната 1997 година. Денес важат за еден од лидерите на пазарот на локално и регионално ниво.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...