8.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаЈанакиески за Груевски: Магарето замина, сега се удира на самарот

Јанакиески за Груевски: Магарето замина, сега се удира на самарот

По долги натегања околу присуството на адвокатите назначени по службената должност и паузата, продолжи судењето за предметот „ТНТ” на СЈО каде одбрана почна да дава обвинетиот Миле Јанакиески.

Јанакиески на прашање на адвокатот рече дека имал блиски релации од 2006 и 2007 година со фамилијата на бизнисменот Фијат Цановски и дека дури им биле на свадбата. Ексминистерот рече дека тие како бизнисмени биле такви што постојано сакаат да кокетираат со обвинители и судии и на почетокот биле силни поддржувачи на политката на ВМРО-ДПМНЕ.

-Најнавреден бев кога кажаа дека јас би сакал да го рушам „Космос“ поради бизнис-интереси – кажа Јанакиески.

Тој додаде дека тоа не било ниту точно, ниту докажано.

-По четири години, Миле е омилен лик на СЈО, ОЈО, Финансиската полиција. Магарето замина, сега се удира на самарот – рече Јанакиески.

Тој кажа дека Фијат Цаноски имал интензивна комуникација од април 2010 до август 2011 година со првообвинетиот, Никола Груевски, кој како што кажа, за жал, не бил во судницата.

-Чудно е што во тој период Фијат Цаноски има многу интензивна комуникација со Никола Груевски – рече Јанакиески.

-Сакам да го прашам Фијат и за односите со Сашо Мијалков, Муса Џафери кој што му ветувал. Јас не сум ветувал дека ќе му дозволам да гради спротивно на Законот за градење. Едно ливче немам потпишано. Не може Миле да е кабает, зашто сме прислушувани 24 часа јас и мојата жена. Тој објект е дивоградба. И сега гарантирам за тоа – кажа ексминистерот.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на тогашниот политички противник Фијат Цаноски. СЈО тврди дека со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра, а доплнително на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари. Цаноски и фирмата ФИМЕТ најавија дека ќе барааат отштета.

Обвинети се експремиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, ексградоначалникот Тони Трајковски, како и Елизабета Најдовска, Насер Алев, Марика Зафировска и Александра Димитриева.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...