12.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаСветДали знаевте дека Нацистичка Германија – Создавала убиствен МОНСТРУМ!!

Дали знаевте дека Нацистичка Германија – Создавала убиствен МОНСТРУМ!!

spot_imgspot_img

<За време на Втората Светска војна, Германија настојувала да го прошири своето знаење во секој поглед. И покрај фактот што некои од овие проекти биле доста дискутабилни и злонамерни сепак биле реализирани.

Во текстот подолу ќе ви претставиме проект кој што бил зацртан во главата на Адолф Хитлер, проект со чие производство тој самиот бил убеден дека ќе го порази Советскиот Сојуз.

Ви го претставуваме најголемиот тенк на Нацистичка Германија, познат како Panzerkampfwagen VIII Maus (,,Mouse”).
По самиот неуспех на Германија да освои дел од териториите на Советскиот Сојуз, Хитлер вочил дека еден од круциалните позитивни делови од нивната целокупна кампања е нивниот ,,ТИГАР” тенк. Врз оваа основа, Хитлер издава наредба за изградба на нов мега тенк, односно популарниот Maus.Замислениот тенк ,,Maus” или ,,Panzerkampfwagen VIII” е доверен за изградба и производство на еден од најценетите личности на тоа доба, Фердинанд Порше.

Се што Порше требало да направи според нацртите кои ги добил од страна на Хитлер, било да изгради тенк кој би бил дупло поголем од тогашниот ,,ТИГАР”.

Кога Порше ја доставува првата скица на новиот тенк, Хитлер не е задоволен од тоа што го гледа бидејќи сака уште поголем монструм кој по негова замисла би требало да поседува тежина далеку повеќе од 200 тона.

За да ви доловиме слика за она што Хитлер го замислил и какво чудо било тоа, ќе направиме споредба со еден од најпопуларните тенкови денес, станува збор за Американскиот ,,ABRAMS M-1”Како што веќе споменавме тенкот кој што го изградил Порше на неговата скица би требало да има тежина од 200 тони, што од прилика е тежина на една дизел локомотива, додека денешниот ,,ABRAMS” кој е еден од најтешките тенкови има тежина од 60 до 70 тони. Тенкот кој го изградил Порше поседувал мотор со 1200 којнски сили, додека ,,ABRAMS” има 1500 којнски сили.

Самата брзина од 15 километри на час не била во корист, како и потрошњата која претставувала 3/1 во однос на ,,ABRAMS”, што значи трошел цели три пати повеќе од Американскиот тенк кој се смета за најголем потрошувач денес. Топот на ,,Maus” бил 128мм во однос на Америчкиот 120мм.

Гледално од реална гледна точка тешко е да се направи споредба со оглед на тоа што Американскиот тенк е далеку подобар и пософистициран, но забораваме еден важен факт, а тоа е годината на производство. Првиот ,,ABRAMS” е произведен 1970 година, додека “малиот” Maus за прв пат е произведен 1943 година кога технологијата била на далеку пониско ниво. Но како би реагирале кога би ви рекле дека овај “мал” Maus, е навистина премал наспроти она што го замислил Хитлер.

Големината на овај монструм би го запрепастила светот, би ги оставил војниците со впечаток на невозможност и непобедливост над непријателот само кога би го здогледале.Ви го претставуваме Landkreuzer P. 1000 (Ratte).Со должина од 35 метри, висина 11 метри (што е одприлика зграда од 4 спрата), ширина од 14 метри и згора на се тежина од 1000 тони го прави овој тенк вистински МОНСТРУМ. Кога би здогледале вакво нешто не би ви било сеедно, а сега замислете го истиот овај МОНСТРУМ против вас во Втората Светска војна.

Landkreuzer P. 1000 требало да биде придвижуван од осум бродски мотори, додека секој од овие осум мотори располагал со 2.200 којнски сили. Екипажот на овој тенк би требало да го сочинуваат од 20 до 40 војници.

За среќа оваа ,, ПОДВИЖНА ТВРДИНА” не била произведена, но скицитe остануваат неми сведоци за мега проектот кој несомнено би бил остварен доколку Германија не беше поразена.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи...

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...