8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаПОЛИЦАЕЦ ОД СТРУМИЦА ДОДЕКА БИЛ НА РАБОТА ПРИЛОЖУВАЛ ДОБИТЕН ТИКЕТ ЗА ИСПЛАТА...

ПОЛИЦАЕЦ ОД СТРУМИЦА ДОДЕКА БИЛ НА РАБОТА ПРИЛОЖУВАЛ ДОБИТЕН ТИКЕТ ЗА ИСПЛАТА ВО ОБЛОЖУВАЛНИЦА И СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ВРАБОТЕНАТА!

Секторот за внатрешни работи Струмица- Надворешна канцеларија за криминалистички работи Валандово, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција- Одделение за истражување и гонење кр.дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција Скопје, поднесе кривична пријава против полициски службеник АБ (47) од Струмица, порад постоење основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело “Злоупотреба на службена положба и овластување “, по член 353 од Кривичниот Законик. Имено, на ден 06.11.2019 година, во времето кога пријавениот требало да ги извршува работните обврски на работното место, односно во времето од 15:45 до 16:00 часот бил во спортска обложувалница во Валандово, приложувајжи добитен тикет за исплата.

Но од страна на вработената во обложувалницата согласно Законот за игри на среќа и забавните игри, од пријавениот бил побаран документ за идентификација за да добитниот тикет биде исплатен, по што пријавениот одбил да се легитимира, заканувајќи и се по животот, на дрзок начин обраќајки и се со висок тон, ја присилил да изврши исплата на добитниот тикет, спротивно на правилата на обложувалницата. Пријавениот изреволтиран од барањето на вработената да се идентификува злоупотребувајки ја односно искористувајки ја својата службена положба во два наврати извадил службена легитимација, притоа заканувајќи се дека така лесно нема да поминат ниту вработените ниту кладилницата.

Случајот е пријавен во СВР-Струмица, по целосно документирање на настанот е поднесена кривична пријава. Напоменуваме дека на 02.12.2019 година, пријавениот сторил кривично дело „Загрозување на сигурноста“ предвидено во Кривичниот Законик на начин што при разминување на скалите во внатрешноста од зградата на СВР Струмица, без претходно да биде предизвикан, почнал да му се заканува вербално по животот и телото на пом.Началникот на Одделение за полиција и во еден момент го удрил во пределот на градите. По целосно расчистување и документирање на настанот СВР-Струмица поднесе кривична пријава.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...