5.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонија„Волци“: Ковачки е човек каков што Македонија заслужува

„Волци“: Ковачки е човек каков што Македонија заслужува

По предлогот на ВМРО-ДПМНЕ технички Министер за внатрешни работи да биде Драган Ковачки, своја поддршка дадоа и од Баталјонот за специјални намени „Волци“.

Во продолжение интегрално Ви го пренесуваме писмото кое беше испратено до редакцијата на Курир.

– Како припадници, поранешни и актуелни во Баталјонот за специјални намени Волци, несакајќи политички да се инволвираме, но чуствувајќи должност да го изразиме нашето лично и поединечно мислење како граѓани на нашата земја Македонија, сакаме да го потенцираме следново:

Полковник Драги Ковачки е чесен, искрен патриот, со врвни професионални вештини и наобразби. Човек од службата, дисциплиниран и со челична нескршлива волја. Патриот, , одличен бранител и колега, еден од нас. Човек кој се вгради во нашата единица, и во Армијата. Како сегашни и поранешни членови на”Волци”застануваме зад честа, угледот и името Драган Ковачки. Да се биде дел од Армијата, и од Волците, никогаш и никаде не може да биде хендикеп, туку огромна чест и предност. На Македонија и се потребни професионалци, и луѓе со огромен потенцијал и наобразба. Тој ја има нашата поддршка и верба и тоа е она што му треба на МВР, на нашето општество, и на Република Македонија. Неговото назначување ќе значи заштита на професионализмот, на кадровскиот потенцијал, и на синовите кои се спремни да и служат на татковината, секогаш и секаде.

Нашата водилка е „луѓето пред сè“, Ковачки е човек каков што Македонија заслужува.

Со почит,
Граѓани на Македонија, поранешни и сегашни членови на Баталјонот за специјални намени Волци.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нема влада без Левица…

Со децении веќе доаѓаат со план за власт, да земаат, да пустошат и да крадат! Татковината која ја сакаме ја претворија во перална за...

Македонската професорка Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот

Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит...

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...