13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаМолењето на Мицкоски кај Ахмети се исплати - Ахмети даде амин за...

Молењето на Мицкоски кај Ахмети се исплати – Ахмети даде амин за новиот министер на МВР

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во техничката влада е кандидат со многу богата биографија и ако се усогласат со СДСМ, тоа би бил кандидат со искуство, ново искуство, кое според мене би било добро за МВР, но и за ред и мир, изјави кусо лидерот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Собранието.

„Ќе го почекаме резултатот од средбата со премиерот Зоран Заев, па тогаш ќе биде објавено името”, рече Ахмети.

На прашањето дали го слушнал досега неговот име, Ахмети изјави дека „неколку пати се соочува со нови имиња и не може да ги познава сите”. Сепак, појасни дека кандидатот не бил активист ниту во политичкиот живот, ниту во цивилното општество, туку е професионалец.

За разлика од Мицкоски, Ахмети не е подготвен да разговара за изборниот модел.

„Веќе имам став дека менување законик пред избори е невозможно. Немаме комодитет да говориме за промена на изборниот законик. По изборите може да дебатираме и да дојдеме до најдоброто решение”, рече Ахмети.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...

Излажан Тетовчанец за 11.000 евра: Албанец му ветил дека ќе му отвори фирма во Дубаи, па останал и без пари и без фирма..

57-годишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот...