11.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаЗабаваНаместо завет во црква невестата ги прочитала пораките од нејзиниот вереник и...

Наместо завет во црква невестата ги прочитала пораките од нејзиниот вереник и љубовницата! Настанал општ хаос, а младоженецот пребледел

Некоја невеста која не сакала да го открие своето име, искусила целосно поразличен вид стрес непосредно пред да застане пред олтар – открила дека нејзиниот иден сопруг има љубовница.

Вечерта пред венчавката добила порака од непознат број и дознала дека нејзиниот вереник води двоен живот. Таа одлучила да му се одмазди на целосно драматичен начин.

Сè започнало кога почнале да ѝ пристигнуваат пораки на мобилниот телефон, а таа мислела дека тоа се пораки кои би ѝ ја честитале венчавката или пак да ја прашаат како се чувствува пред големиот ден, но потоа видела дека тоа се пораки од непознат број.

Кога ги отворила за да ги прочита видела дека тоа се всушност ископирани разговори од нејзиниот вереник и некоја друга жена.

Покрај разговорите, таа добила уште една порака која гласела: „Јас не би се венчала со него, а ти?“.

Жената која ѝ ги испратила пораките исто така ѝ испратила и фотографија од неа и нејзиниот сопруг како доказ.

Некои од пораките кои вереникот ги разменувал со љубовницата биле: „Овој викенд. Ти и јас“, „Твоето тело е така совршено, а како знаеш да го користиш… Би сакал и мојата вереница да го знае тоа“.

Идната невеста знаела дека сето тоа е вистина и само се запрашала самата себе како порано не се сетила на тоа. Пријателките веднаш ѝ рекле да ја откаже венчавката, но таа не сакала сè додека сето тоа не го поправи.

Одлучила да не ја откажува венчавката само поради една причина. Кога дошле до олтарот таа наместо завет пред сите ги прочитала пораките од својот вереник со неговата љубовница.

„Нема да има венчавка. Очигледно дека тој не е таков каков што мислев дека е“.

Кога го кажала тоа настанал општ хаос и голема тишина во црквата откако вереникот се обидел да ѝ го одземе телефонот од рацете. Таа сепак ги прочитала сите пораки на глас, а младоженецот пребледел од мака.

Таа потоа им се обратила на сите присутни: „Ве сакам сите и колку и да е ова ужасно, мило ми е што сте сите тука. Венчавка нема да има, но ќе славиме искреност, пронаоѓање вистинска љубов и слушање на своето срце и тогаш кога е скршено“.

Извор Точка

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...

Боки вечерва повторно ќе УДРИ?! -Најавува вклучување во живо !!!

Боки 13 во поткастот „Лазаров“ зборуваше и за основањето на Меѓународен сојуз, но и за „1ТВ“. Зборуваше за функционерите, пришто кои ги обвини, за...