6.8 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаЗатвор Шутка: Хашките соби стануваат женски соби, соба за молитви – за...

Затвор Шутка: Хашките соби стануваат женски соби, соба за молитви – за Нова Година ќебапчиња

Директорот на Истражниот затвор Скопје познат како Шутка Есад Рахиќ денеска објави новитети околу функционирањето на затворот. Популарното хашко одделение во кои поминаа многу јавни лица , ќе се преуреди и ќе стане женско одделение. Исто така затворот планира да одвои посебна соба за молитва. Оваа година затворениците за Нова Година во менито ќе добијат ќебапчиња добиени од донации.

Она што е важно за овој затвор е дека повеќе не е дивоградба, туку е легано заведен имот со имотен лист. Во него ќе се вработуваат нови полицајци се додека не се достигне бројот потребен за обезбедување 350 затвореници.

Реновирани се шест од вкупно 10 ќелии во блок Б, со донации почна обновата на покривот, донирани се ќебиња, чаршафи, облека и еден замрзнувач обновена е една бања, а имаме и донација бетонски платна за еден нов ѕид, веќе се инсталирани фотоволтаици со кои ќе се произведува струја за топлење вода за потребите на затворот. Ќе се вградува телефонска централа и говорници каде разговорите ќе се снимаат, а затворениците ќе ги користат со најава. На тој начин ќе се справуваме со нелегалните мобилни телефони, ги презентираше новитетите директорот Рахиќ.

Р.Д.

досие

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...