5.6 C
Ohrid
недела, јануари 19, 2025
ПочетнаСветИкеа им кажа “благодарам“ на своите вработени: 4.000 евра бонус за секого

Икеа им кажа “благодарам“ на своите вработени: 4.000 евра бонус за секого

spot_img

Многу компании во Норвешка ги израдуваа своите вработени со бонуси за Божиќ и Нова година.

Една од нив е и компанијата Икеа, која годинава ги награди своите вработени со празничен бонус во вредност од 40.000 круни или околу 4.000 евра.

Имено, на секој еден од вкупно 3.000 вработени во компанијата, без оглед на својата позиција, компанијата му исплати божиќен и новогодишен бонус во вредност од 4.000 евра.

Секој работник што поминал најмалку шест месеци во нашата компанија ќе добие бонус, изјавија од компанијата која за празнички бонуси издвои околу 12 милиони евра.

Ова е досега најголем износ што компанијата им го исплатила на своите вработени во Норвешка како бонус за новогодишните празници.

Кога ќе постигнеме добри резултати, тоа првенствено се должи на успешното работење на нашиот персонал. Затоа сакаме да им се оддолжиме на сите кои на одреден начин придонеле за тоа, а бонусите се добра можност да го сториме тоа, велат од Икеа.

Инаку, Икеа бележи значителен раст во однос на 2018 година кога нивната продажба се намали за прв пат по 20 години.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во срцето на градот Охрид, веднаш до градскиот пазар се отвори новиот Кафе бар Инфинити.

Во срцето на градот Охрид веднаш до градскиот пазар се отвори новиот кафе бар Инфинити. Кафе Бар Инфинити е повеќе само место за пиење кафе-...

Уапсен е Раде Трајковски Штекли. Се сомничи за трговија на дрога-

Уапсен е Раде Трајковски Штекли. Се сомничи за трговија на дрога. Раде Штекли предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на...

Во Битола 72-годишен дедо влегол во “банка” со хебла и пиштол.

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво...

Македонските ракометари загубија од Холандија, судењето во најмала рака скандалозно

Ракометната репрезентација на Македонија загуби со 37:32 од репрезентацијата на Холандија. Она што остави најголем впечаток е скандалозното судење на данската двојка судии Хансен и...