13.9 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаМакедонијаЗадолжително прочитајте: Од денес важи новиот закон.

Задолжително прочитајте: Од денес важи новиот закон.

Од први јануари кој ќе произведува над 200 литри ракија, но не повеќе од 2.000 ќе мора да се регистрира. Агенцијата за храна, пак, ќе има обврска истата да ја провери дали е безбедна за употреба. За два дена стапува во сила новиот закон за акциза со кој, според надлежните, ќе се стави ред во производството на ракија во домашни услови.

– Со регистрирањето, инспекциските служби на АХВ имаат обврска да го контролираат нивното работење, со кое, согласно одредбите од овој Закон, операторите имаат должност да обезбедат дека во сите фази на производството, преработката и дистрибуцијата ги исполнуваат барањата за хигиена. Законот не важи за оние кои произведуваат ракија за лична употреба, туку оние кои ја произведуваат и пласираат ракијата на пазарот, се вели во дописот од Агенцијата за храна.

Од Асоцијацијата на земјоделци велат дека со новото законско решение, граѓаните ќе знаат каква ракија купуваат, а ќе се сузбие и сивата економија.

Со законското решение производителите од акциза ќе бидат ослободени уште следната година, а во 2021 ќе плаќаат по 10 денари за литар ракија и секоја наредна ќе се зголемува за 10 денари. Во 2022 ќе изнесува 20 и 30 денари годината потоа.

Ослободени од оваа обврска се сите кои произведуваат помали количини од 200 литри.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Државата е оштетена за над 2,5 милиони евра- ДОБИВАЛЕ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ ИАКО НЕ ТРЕБАЛО“

Повеќе од илјада граѓани добивале социјална помош иако според правилата не трбало да добиваат, соопшти министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска...

Влада: 24 април и 8 мај се неработни денови, се препорачува и приватниот сектор да не работи

Деновите кога ќе се одржат изборите за претседател на Македонија и за пратеници во Собранието се прогласени за неработни денови за сите граѓани на...

Пецаков уште еднаш им одговори на сите што сакаат да го оцрнат предизборно !

🗣Со оглед на тоа дека бев прозван од некои иницијативи и медиуми во врска со изградба на хотел во месноста Горица, а во интерес...

Голема акција во Идризово: Уапсени 17 затворски полицајци, веќе се однесени во Суд

Во голема акција во затворот Идризово утрово, уапсени се 17 припадници на затворската полиција, кои веќе се во Суд. Акцијата ја води Обвинителството за организиран...