9.4 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаАвстралијаАВСТРАЛИСКИОТ ПРЕМИЕР ПРЕЧЕКАН СО НАВРЕДИ ВО ОБЛАСТИТЕ КОИ БЕА ЗАФАТЕНИ ОД ПОЖАРОТ

АВСТРАЛИСКИОТ ПРЕМИЕР ПРЕЧЕКАН СО НАВРЕДИ ВО ОБЛАСТИТЕ КОИ БЕА ЗАФАТЕНИ ОД ПОЖАРОТ

Австралискиот премиер Скот Морисон се соочи со гневните жители кои денеска го навредуваа за време на посетата на земјата каде што беснеат пожарите.

Жителите во Кобарг, Нов Јужен Велс, му се обраќаа со пцовки, нарекувајќи го „идиот“ и правеа непристојни движења, критикувајќи го за недостигот на опрема за гасење на пожарите во градот.

– Секогаш кога ова подрачје е зафатено со поплава или пожар, ние не добиваме ништо. Да бевме во Сиднеј или на северниот брег ќе бевме преплавени со донации за итна помош, изјави жител на Кобарг.

Гневот кај жителите се јави откако властите соопштија дека оваа недела се уништени 381 куќа на јужниот брег на Нов Јужен Велс.

– Не сум изненаден што луѓето моментално се чувствуваат ранливо. Затоа дојдов денеска, да бидам овде, да се уверам во тоа, да им понудам утеха. Се уште има опасни денови. Ние го разбираме тоа и затоа ќе направиме се што е можно да им ја пружиме поддршката што им е потребна, рече Морисон.

Најмалку осум лица настрадаа оваа недела во Нов Јужен Велс и соседната држава Викторија.

Во двете најгусто населени држави на Австралија горат повеќе од 200 пожари. Со пожари се зафатени и Западна Австралија, Јужна Австралија и Тасманија.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...