6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаСкопјанката Розана, единствената жена оџачар: Не признавам машка и женска професија!

Скопјанката Розана, единствената жена оџачар: Не признавам машка и женска професија!

Кога ја одбрала оваа професија однапред знаела дека нема да има топла канцеларија бидејќи ќе има работа на отворено, на стрмен, висок и лизгав кров. Но тоа не ја секира бидејќи, како што вели, височините се нејзина пасија од мали нозе. Нејзе не и пречи ниту тоа што здолништето ќе го замени со црна оџачарска униформа, а високите потпетици со оџачарски чевли со силикони кои ќе се лепат на секој покрив како и тоа дека наместо пенкало в рака ќе држи сајла и метално ѓуле

Розана Ивановска-Коневска е единствената жена од Македонија, кандидат за оџачар, која ги руши стереотипите дека чистењето на оџаци е единствено само машка професија.
Таа рамо до рамо со нејзините десетина колеги кандидати веќе неколку месеци го посетува курсот за оџачари што го распиша Град Скопје. Со обуката е при крај и нестрпливо чека да го спроведе на дело она што го научила.

Уште на прв поглед кога ја запознавме можевме да забележиме дека оваа жена е посебна, не сака ограничувања туку ја сака широчината, слободата која во секој момент настојува да и е на дофат. Кога ја одбрала оваа професија однапред знаела дека нема да има топла канцеларија бидејќи ќе има работа на отворено, на стрмен, висок и лизгав кров. Но тоа не ја секира бидејќи, како што вели, височините се нејзина пасија од мали нозе. Нејзе не и пречи ниту тоа што здолништето ќе го замени со црна оџачарска униформа, а високите потпетици со оџачарски чевли со силикони кои ќе се лепат на секој покрив како и тоа дека наместо пенкало в рака ќе држи сајла и метално ѓуле. Но сето тоа ја прави среќна затоа што на луѓето ќе им донесе среќа, бидејќи како што вели низ смеа оџачарите носат среќа.

Розана по природа е весела жена, која верува во себе, но и голем поборник за чисто Скопје.
“Јас не признавам машка и женска професија. Стереотипите за мене не важат. Се што правам не го правам тоа со мака туку од задоволство, како од пушка ни одговори Розана кога ја запрашавме зошто го одбрала токму оџачарството како нејзина идна професија. Таа по карактер е жена која секогаш изненадувала. Тоа го знаат сите што ја познаваат и за нив не било вест дека таа сака да биде оџачар, но изненадување било за сите други кога се пријавила на огласот за оџачари. “Кога му кажав на семејството дека ќе станам оџачарка тие, знаејќи го мојот карактер, не се изненадија, само кусо ме прашаа дали сум спремна на коментарите кои ќе ги слушам додека сум на работа. Само се насмевнав – објаснува Розана.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...