10.6 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаОтец Бобан: Не играјте ора и не палете оган утре, дрвата дајте...

Отец Бобан: Не играјте ора и не палете оган утре, дрвата дајте им ги на сиромашните…

Не палете оган утре, не играјте оро, не прејадувајте се и не пијте алкохол. Таквиот обичај е спротивен на црковното учење, велат свештениците. Според нив коледарскиот оган е пагански обичај кој не е во контекст на вистинското празнување.

Во Евангелието се вели дека навистина пастирите стоеле покрај огнот чувајќи ги своите стада. Им се јави ангел господов којшто им ја соопшти радосната вест за раѓањето на спасителот на светот. Но седеле во мир и во тишина. А ние денес околу огновите правиме толку бука што и да ни се јават ангелите за да не израдуваат со некоја вест ние нема да ги слушнеме, вели Отецот Бобан од скопската епархија.

Отец Бобан потсетува дека целото тоа славје околу огновите се случува за време на строг пост, а ние за време на тој строг пост, преку паганскиот обичај, пуштаме музика, играме оро, се прејадуваме, пиеме алкохол.

Утредента треба да одиме во црква, а никој од нас не е во црква. Затоа огновите, доколку сакаме да постојат, најдобро е да ги преместиме во самиот храм и притоа прво сите да присуствуваме на Бадник во самиот храм на вечерната богослужба, да излеземе надвор доколку се запали некаков оган и сите да заминеме дома во мир и тишина. Да нема прејадување, да нема алкохол, музики кои не се во контекст на христовото празнување. Па нели е пологично да има црковна музка, самите ние да пееме црковни песни, очекувајќи го празникот кој е поврзан со Бога и со раѓањето на спасителот, вели Отецот.

Отецот од скопската епархија запрашува зошто не направиме поголемо похумано дело давајќи ги дрвјата на сиромашните, наместо да ги трошиме за пагански обичаи.

Зошто трошиме толку дрвја на тој ден за ништо, кога можеме тие дрвја да ги дадеме на сиромашните да се згрејат во своите домови. Така правиме поголемо дело отколку што ќе играме ќе пиеме и јадеме вонконтекст на празнувањето на христијанските празници, апелира отец Бобан.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...