13.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаРека од народ: Денес за Божик манастирот Бигорски беше претесен да ги...

Река од народ: Денес за Божик манастирот Бигорски беше претесен да ги прими сите верници…

Манастирот Бигорски беше претесен да ги прими сите верници кои сакаа, токму тука, во ова древно
македонско светилиште, да го дочекаат раѓањето Христово.
Во Бигорски беше и групата Љубојна, која пред присутните, повеќе од илјада верници, одржа мини Бадников концерт со каланди.
На синоќешното бдение игуменот на Бигорскиот манастир, Архимандрит Партениј, со слово се обрати на многубројните присутни, кои беа од сите краишта на Македонија.
Бдението продолжи до 5:00 часот изутрина, а традиционално Архмандрит Партениј најмладите ги израдува со божиќни пакетчиња. „Храмот беше навистина претесен да ги собере сите оние луѓе кои тука пристигнаа, а меѓу нив најмногубројни беа младите кои жедни за да се напијат од изворот на оваа духовна радост, го примија и благословот кој штедро им Го излеа Богомладенецот Христос“, велат од бигорскиот манастир.Резултат со слика за bigorski
Во пресртет на Христовото раѓање беше промовирана и првата книга со бееди на Архимандрит Партениј „Бог се јави во тело, воскресна во слава“, со што всушност е означен почетокот на одбележувањето на 1000-годишнината од постоењето на манастирот. Инаку, на голема радост на верниците, здружението „Бадникови Поворки“, вчера објави видео запис од Божиќната каланда „Христос се роди денес“ во соработка со Бигорскиот манастир и со благослов на Архимандрит Партениј.
Во Дебар, по вторпат вчера имаше бадникова поворка со педесеттина деца од градот и неколку села од Река, Општина Маврово и Ростуше, традиција обновена минатата година благодарение на сестрите од манастирот „Георгиј Победоносец.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...