8.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаЖителите на Скопје ќе добиваат по 1,5 денари за секое рециклирано шише

Жителите на Скопје ќе добиваат по 1,5 денари за секое рециклирано шише

Како што најави на денешната средба со новинари директорот на ЈП ПОЦ Васко Кичевски, до крајот на годинава ќе бидат поставени 27 повратни вендинг машини за рециклирање на пластични и стаклени шишиња кои ќе бидат распределени низ целата територија на општина Центар.

-Годинава ќе воведеме повратни вендинг машини за рециклирање на пластични и стаклени шишиња. Веќе се набавени девет машини од планираните 27, а на почетокот на март ќе почнеме со нивно поставување. На овој проект работиме повеќе од една година и сметам дека ќе има големо влијание не само на развојот на нашето претпријатие, туку и за кревање на свеста кај граѓаните од потребата за рециклирање, потенцираше Кичевски.
Сите жители кои ќе се вклучат во процесот на селективно одложување отпад, како што додаде директорот, ќе добијат и субвенции од општината во замена за пластични и стаклени шишиња, односно за секое шише ќе добијат одреден прилив на пари на новата платежна картичка „Green Pay Card“ со која ќе имаат можност да купуваат со попуст во одредени маркети, продавници, локали или да плаќаат за услугите кои ги нуди претпријатието.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ појасни дека за овој проект Општина Центар има предвидено субвенции во буџетот за 2020 година и за секое рециклирано шише се обезбедени 1,5 денари, а обезбедени се и средства за останатите 18 повратни вендинг машини.

-Се надевам дека овој позитивен пример ќе биде почеток во кој понатаму ќе се вклучат и другите општини, институции и приватни компании со цел Општината, Градот и земјава да ги направиме поубаво место за живеење, додаде градоначалникот Богдановиќ.
Според најавите, новата мобилна апликација на ЈП Паркинзи на Општина Центар треба да биде пуштена во употреба до крајот на месецов, како надградба постоечката апликација, а со која жителите на Општина Центар ќе можат електронски да ги пријавуваат сите комунални проблеми.

ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе воведе и мрежен систем за автоматска наплата за отворените и затворените паркиралишта со кои стопанисува со цел да се зголеми контрола и безбедноста на паркиралиштата. Според првичните проценки, на територија на Општина Центар ќе бидат поставени околу 1.500 камери во рок од три до четири години. Овој проект, како што додаде Кичевски, значи врзување на цела мрежа од камери со што буквално ќе го имаме Центар на дланка.

ЈП ПОЦ и Општина Центар од денеска започнуваат и со нова кампања за кревање на јавната свест „Центар не е паркинг!“ која преку емотивни видеа ќе апелира до граѓаните да ги остават своите автомобили и повеќе да ги користат алтернативните превозни средства со што ќе придонесат многу во решавање на проблемот со паркирањето во општина Центар, намалување на загадувањето на животната средина и овозможување на хумано живеење во центарот на градот.

-Со новата кампања „Центар не е паркинг!“ сакаме емотивно да допреме до граѓаните и преку овие видеа да им ги објасниме последиците од прекумерното користење на автомобили кои влијаат врз здравјето пред се на нивните деца, но и на сите граѓани на земјата. Апелирам до граѓаните да користат повеќе градски превоз и заедно да овозможиме похумани услови за живот за сите нас и во општината и во градот, рече Богдановиќ.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ахмети на импровизирана седница го избра Села за претседател на Собранието, ги усвои и измените на Уставот!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го прогласи лидерот на Алијанса за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села за претседател на Собранието на Македонија,...

ВМРО-ДПМНЕ традиционално ја стартува кампањата од Охрид, вечерва митинг на Градскиот плоштад

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, со голем народен митинг, вечерва традиционално ќе ја започнат кампањата за парламентарните избори од Охрид. На настанот, кој со почеток...

Тепачка меѓу функционери на ДУИ во Гостивар?!?!

По судирите и тепачките во Струга, поделбата меѓу противниците на Европскиот фронт продолжи и во гостиварскиот огранок, објави порталот Фол. Додека претходно во Струга дошло...

Истепан вработен во ЕВН во Сарај.

Во текот на вчерашниот ден во 15.00 часот во СВР Скопје, Д.Б.(38) од с.Кадино, општина Илинден, пријавил дека во с.Глумово, општина Сарај, при извршување...