13.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаГРУЕВСКИ ЗА УПАДОТ ВО СОБРАНИЕТО: Сдсм го лажи народот, дека сум дал...

ГРУЕВСКИ ЗА УПАДОТ ВО СОБРАНИЕТО: Сдсм го лажи народот, дека сум дал инструкции и дека сум вмешан во нападот.

Eкс премиерот Никола Груевски кој престојува во Унгарија како политички азилант, вечерва реагираше на обвинението против него за организација на 27 април и порача дека е лага дека тој или ВМРО-ДПМНЕ го организирале упадот во Собранието.

Тврди дека е лага дека тој дал инструкции на тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељановски да го спречи изборот на нов претседател на Собранието.

„Лага е дека Спиро Ристовски и Миле Јанакиески имале добиено инструкција од партијата да мобилизираат членство за НАСИЛЕН упад во Собранието СО ЦЕЛ ТЕПАЊЕ на пратениците или со било каква цел. Ниту пак мислам дека го правеле тоа. Лага е дека имам било каква поврзаност со наводни активности на УБК поврзани со инцидентите на 27 април. Тогашните МИРНИ протести организирани од граѓанската иницијатива нам како партија ни одговараа бидејќи имавме иста позиција во врска со Тиранската платформа. Но, нагласувам: МИРНИ протести. И сосема нормално било нашите членови да учествуваат на такви МИРНИ протести, повикани или неповикани од било кој. Но, во никој случај ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту мене лично како тогашен нејзин претседател, а убеден сум ниту на организаторите од граѓанското движење, или обвинетите, не ни одговарало ниту ни паднало на памет насилен упад во Собранието или тепање на пратеници. Партијата никогаш немала таква одлука за насилен влез во парламентот и тепање пратеници, ниту пак актите на партијата дозволуваат таква одлука. Јас лично не сум дал било каква инструкција било кому а во правец на насилен упад и тепање пратеници. Ниту на денот на настанот или претходниот ден кога бев на службен пат во Виена, ниту претходно, било кому сум издал инструкција дека треба да се организира насилен влез во парламентот и тепање пратеници“, тврди Груевски.

Поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски го оцени како политичко прифатеното обвинение за организација на настаните на фамозниот 27 април со што наскоро ќе треба да стартува и судскиот процес.

„Политичко обвинение за политички цели“, искоментирал актуелниот пратеник во својата СМС-порака која ја испратил до ТВ24.

Со вчерашната одлука, Судот го прифати обвинението во кое нему, на поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески и на поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, ќе им се суди за организација на настаните од 27 април 2017 година во Парламентот. Тој е првиот претседател на Собрание на кого ќе му се суди од независноста на Македонија.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...