11.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаАвстралијаСлика која го растажи светот: Медал за храброст доби бебето со цуцла,...

Слика која го растажи светот: Медал за храброст доби бебето со цуцла, а неговиот татко сигурно го гледа од небото и плаче, плаче што не е со семејството.

Син на починат пожарникар-волонтер, кој даде свој придонес во гасењето на пожарите во Австралија, доби медал за храброст. На едно и полгодишниот Харви Китон, облечен во униформа, со цуцла во устата, медалот му беше врачен на погребот на неговиот татко во Сиднеј.

Десетици пожарникари отпоздравуваа кон ковчегот на починатиот Џеф Китон, кој имаше 32 години. На пожарникарскиот камион во кој бил тој со колегата Ендрју О’Двајер паднало дрво и двајца ги загубиле животите.

Покрај фамилијата, колегите и началниците на пожарникарските единици, на погребот присуствуваше и австралискиот премиер Скот Морисон, кој беше жестоко критикуван поради непримерното реагирање на пожарите.

Џеф Китон е еден од тројцата пожарникари што ги загубија животите во пожарите во Австралија.

Во пожарите починаа и повеќе од 480 милиони животни. Причина за пожарите, кои беснеат од септември минатата година на повеќе од 5 милиони хектари, се екстремно високите температури, долготрајната суша и силните ветришта. Многумина со пожарите ги поврзуваат и климатските промени, кои ги објаснуваат огромните температурни скокови.

Пожарите достигнаа толкави размери, што страшните сцени може да се видат и од вселената.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...

Боки вечерва повторно ќе УДРИ?! -Најавува вклучување во живо !!!

Боки 13 во поткастот „Лазаров“ зборуваше и за основањето на Меѓународен сојуз, но и за „1ТВ“. Зборуваше за функционерите, пришто кои ги обвини, за...

Осудените за „27 април“ кон Русковска: Доаѓа денот, тек допрва ќе си одговараш за својата работа.

Дел од осудените за „27 април“ јавно ѝ порачаа на обвинителката Вилма Русковска дека доаѓа денот, алудирајќи на денот кога ќе одговара за својата...