8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот Дудуш ќе ја донирал, јануарската плата за семејствата чии што куќи...

Градоначалникот Дудуш ќе ја донирал, јануарската плата за семејствата чии што куќи беа опожарени

Вчеравечер, Советот на Општина Шуто Оризари одржа вонредна седница на која присуствуваше Градоначалникот Курто Дудуш, по повод – настанатиот пожар во Шуто Оризари во кој загинале две малолетни деца.

Седницата започна со изразување на длабоко сочувство кон семејствата и со еден минутен молк.

Советот на општината донесе одлука за доделување на еднократна парична помош, на три семејства чии што куќи се целосно уништени, во висина од 30. 000 денари и за едно семејство, еднократна парична помош во висина од 60.000 денари. Исто така, за време на седницата советниците одлучиле да ги донираат јануарските паушали за покривање на потребите на опожарените семејствата.

Градоначалникот Курто Дудуш изјави дека својата јануарска плата ќе ја донира на загрозените семејствата од пожарот, а општинската администрација предложи да одвои исто така дел од својата плата.

,, Ја делиме болката на родителите и семејството, сега ние, сме должни на вас како родители, на уште две дечиња и на вашите соседи, кои ги изгубија своите домови да ви помогнеме да го вратите нормалниот живот назад” – вчера изјави Градоначалникот Курто Дудуш.

Следната недела, ќе се одржи друга седница каде со ребаланс на буџетот средствата од ставките култура и спорт ќе се пренаменат за помош на семејствата врз основа на извештаите на комисијата за проценка на штети.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...