5.6 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаИ мечето Теди ја напушта Македонија-Заминува за Швајцарија

И мечето Теди ја напушта Македонија-Заминува за Швајцарија

Наместо привремено да биде згрижено  во Скопје мечето Теди од Штип директно ќе оди или во паркот на танцувачките мечки во Белица, соседна Бугарија или во Швајцарија.

Конечната одлука за неговото ново живеалиште  веројатно ќе се донесе кон крајот на месецов, кога во Штип ќе дојдат претставници од фондацијата „Брижит Бардо“ и организацијата „Четири шепи“ заедно со ветеринари за диви животни кои ќе го  прегледаат Теди. Активистката и портпаролка на скопската Зоолошка градина Тина Мицковска вели дека се средува документацијата околу преселбата на мечето и тоа ќе ја напушти државата.

„Средувањето на документацијата е во тек. Кон крајот на месецов со претставниците на фондациите ќе дојдат и претставници на ресорните министерства и АХВ за да се забрза постапката. Секако таа ќе мора да се води и на повисоко ниво и во неа да бидат вклучени и Министерството за надворешни работи во земјата каде што ќе патува Теди“, вели Мицковска во  телефонска изјава за ТВ 24.

Каде и да оди, Мицковска вели дека ќе се грижат за мечето, тоа ќе се ресоцијализира и ќе избега од затворот од 15 квадрати каде живее последниве години. Претходно штипскиот градоначалник изјави дека мечето привремено ќе се смести во Зоолошката градина во Скопје, но не се против и сегашното решение, иако потврдија дека мечето никогаш не требало да биде згрижено, тука бидејќи штипскиот ЗОО парк никогаш немал дозвола за тоа.

Засега никој не побара одговорност за тоа што мечето  пред неколку години било донесено и заробено во претсениот кафез, иако постојано има реакции за условите во кои живеаат животните.

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...