14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаСнимка од разговор меѓу советник на Димковски и инспектор од Охрид со...

Снимка од разговор меѓу советник на Димковски и инспектор од Охрид со наводни закани и уценувања

Томе Мојсовски, советник на министерот за земјоделство, уценува и му се заканува на охридски инспектор од Државниот инспекторат за земјоделство, тврди порталот Лидер.

 

Според пишувањата намедиумот, кој објави и аудио снимка од телефонски разговор меѓу двајцата, советникот Мојсовски важи за близок човек на министерот за земјоделство Трајан Димковски и настојува инспекторот да ја укине концесијата за Охридското езеро или во спротивно да поднесе оставка.

По објавувањето на снимката, прес конференција веднаш закажа министерот Трајан Димковски, кој не ја негираше автентичноста на снимката. Тој објасни дека неговиот советник единствено посочувал инспекторот да си ја врши работата, бидејќи, како што вели, три месеца не извршил надзор на договорот во концесијата, а во меѓувреме, пристигнувале поплаки и од Езерската полиција дека инспекторот не соработува. Според министерот, концесионерот вработил лица кои се занимавале и со шверц на дрога и криволов.

Министерот отфрли дека станува збор за закани и додаде дека постапката за одземање на концесијата е започната од трети декември, по веќе добиени мислења од Трудовиот инспекторат и АХВ, но недостасува и мислењето на Државниот инспекторат за земјоделство

Канал 5

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...