9.6 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаДодека дечиња собираат донации за лек-Погледнете колку истрошиле градоначалниците за нова година

Додека дечиња собираат донации за лек-Погледнете колку истрошиле градоначалниците за нова година

Вкупно 675 илјади евра биле потрошени за новогодишното украсување на Скопје и 20 општини во земјава, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Податоците од истражувањето покажуваат дека во споредба со претходната година, намален е бројот на општини што се украсени, но зголемена е вредноста на тендерите.

Така, лани новогодишните декорации ги красеа Градот Скопје и 26 општини во вкупна вредност од 615 илјади евра, а сега за дочекот на 2020 година тендери за украсување спроведоа 20 општини и Градот Скопје во вкупна вредност од околу 675 илјади евра, што е за 10% повеќе од минатата година.

Околу 490 илјади евра односно 73% од парите за новогодишното украсување се потрошија во Скопје и тоа од градските власти и од општините: Центар, Аеродром, Карпош, Чаир, Бутел, Гази Баба и Шуто Оризари. Само Град Скопје за украсување на јавните површини потроши околу 285 илјади евра што е 42% од вкупните пари за оваа намена. Гледано во период од 5 години, Градот Скопје не ја смени фирмата со која го склучува договорот, но од година во година ја менуваше вредноста на договорите и тоа главно во нагорна линија. Оттука, вредноста на договорот за украсување на градот за дочекот на Новата 2020 година е за речиси 70% поголема од договорот склучен за дочекот на Новата 2016 година.

По Град Скопје најголемите договори за украсување ги имаат склучено скопските општини Центар и Аеродром истиснувајќи ги општините Карпош и Струмица кои лани беа на овие позиции. Оваа промена е резултат на тоа што Општина Центар годинава спроведе тендер по пауза од две години (во вредност од 56.847 евра), а Општина Аеродром, пак, ја зголеми вредноста на договорот за 54% и за украсувањето потроши 48.519 евра.

Според податоците од истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, дури 91% од парите за украсување на улиците и плоштадите за дочекот на Новата 2020 година завршуваат кај две скопски фирми, Линк Медиа Плус и Метал-Вет-Ел.

Метал-Вет-Ел има склучено 9 договори за новогодишно украсување (во 2018 година имаа склучено 11 договори) во вкупна вредност од 190.737 евра (3% повеќе од претходната година). Линк Медиа Плус, пак, има склучено 5 договори (во 2018 година имала 2 договори) во вредност од 424.828 евра, што е 41% повеќе од претходната година.

Освен што договорите ги добиваат истите фирми, продолжува и старата навика на задоцнето објавување на огласите за јавна набавка на новогодишно украсување што секако неповолно влијае врз конкуренцијата и ги оневозможува потенцијалните понудувачи потемелно да ја подготват реализацијата на договорите. Оттука е очекувано дека на тендерите со вака кратки рокови ќе аплицираат само фирми кои веќе ги имаат на залиха новогодишните украси.

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13: Сакам на Лила да ја плукнам, ама не, мојата плунка е повредна од неа !!!

Боки 13 во поткастот наа Лазаров се осврна и на пријателството со Лила Филиповска за која кажа дека кога би ја сретнал, не би...

Малолетен учник претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае.

Малолетен учник под 14 години претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае. Насилниот ученик најпрвин нападнал неколку деца, а кога наставничката...

Боки 13: Вилма Рускоска на прославата од 1-Тв беше пијана, се вртеше како Рингишпил.

По повеќегодишна медиумска апстиненција и 4 години поминати во затвор, Боки 13 вечерва гостува во поткастот на Стефан Лазаров. Како и секогаш, искрен и без...

Боки 13: Со Шарената Револуција почна рекетот во Македонија.

Шарена Револуција од овој аспект сметам дека беше политички инструмент. Покрај алатка за да стигне до власт, тука е почнат рекетот во Македонија. Тука...