8.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаЗапознајте го тинејџерот кој откри нова планета седум пати поголема од нашата.

Запознајте го тинејџерот кој откри нова планета седум пати поголема од нашата.

Во првите неколку работни дена повеќето луѓе немаат што да прават, па седат и ги набљудуваат другите. Но, еден американски тинејџер успеа да открие планета третиот ден откако почнал на работа.

17-годишниот Волф Кукиер од Скарсдејл, Њујорк, откако завршил трета година средно, во текот на летото се запишал како практикант во „Годард“, вселенскиот центар за лет на НАСА во Гринбелт, Мериленд.

Таму ја открил планетата „TOI 1338b“, која е седум пати поголема од Земјата и има две ѕвезди.

Тој вторпат е практикант во лабораторијата за истражување во вселената. Летото 2018 година работел на проектот „Голдилокс Зоун“ под менторство на истражувачот за воздушна технологија на НАСА, Рави Копарапу.

Волф бил поканет повторно да биде практикант во „Годард“, но Копарапу не бил во можност пак да му биде ментор. Така, Волф за ментор го добил научникот за истражување Веселин Костов, кој никогаш немал практикант.

– Му дадов краток преглед на сето она што го правиме, а тој сè научи сам. Учеше многу брзо. Има развиено знаење за ова поле.

Кога Волф првпат бил практикант, работел со сателитот „Тес“ на НАСА.

Тој имал рамка за тоа што треба да бара, врз основа на неговото истражување на научниот проект „Граѓаните, ловци на планети“, кој им овозможува на луѓето да пребаруваат низ податоците на „Тес“ и да категоризираат различни ѕвездени системи.

Додека ги разгледувал сликите, на Волф нешто му станало „сомнително“ – забележал дека сликата има дополнителна карактеристика. Поради тоа, го викнал Костов.

– Откако го видовме оригиналниот транзит, забележавме три транзити – вели Волф. Тој и Костов поминале многу часови за да потврдат дека дополнителните карактеристики што ги виделе се реални.

– Јас и Волф неколку часа анализиравме. Кога бевме 100 отсто сигурни, почнавме да ги известуваме колегите – вели Костов.

– Не само што работев на потрагата по дополнителни планети туку и ја научив целосната верификација што се однесува на проверка на планетата кога се сомневаме дека станува збор за планета – вели Волф.

Процесот вклучувал употреба на различни алатки за податоци и поголем број истражувачи од Универзитетот во Чикаго, Институтот за технологија во Масачусетс и државата Сан Диего.

Процесот бил многу побрз од нормално, биле потребни околу три месеци за да се потврди откритието на Волф.

Откритието било позитивен знак за можностите на „Тес“.

– „Тес“ е единствен инструмент што ни овозможува да откриваме ваков вид планети – вели Костов.

Волф станал коавтор на трудот за неговата работа во текот на практиканството, заедно со научници од „Годард“ и други институции.

Волф сега е матурант, па размислува на кој факултет да се запише – „Принстон“, „Стенфорд“ или на Институтот за технологија во Масачусетс, каде што може да учи астрофизика или физика.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...

Доживотен затвор за кочанскиот монструм кој уби жена со 41 убод од нож

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за...

Ахмети на импровизирана седница го избра Села за претседател на Собранието, ги усвои и измените на Уставот!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го прогласи лидерот на Алијанса за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села за претседател на Собранието на Македонија,...

ВМРО-ДПМНЕ традиционално ја стартува кампањата од Охрид, вечерва митинг на Градскиот плоштад

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, со голем народен митинг, вечерва традиционално ќе ја започнат кампањата за парламентарните избори од Охрид. На настанот, кој со почеток...