9.3 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаЕстрадаПесната ''Остани ѓубре до краја'' Бора ја испеал за оваа госпоѓа !!

Песната ”Остани ѓубре до краја” Бора ја испеал за оваа госпоѓа !!

spot_imgspot_img

Билјана беше едно од најубавите лица од седумдесеттите години, а нејзе и беа посветени легендарните стихови на групата „Риља чорба“. Таа беше една од најбараните модели од седумдесетите. Во тоа време немаше многу кои снимаа реклами и одеа по ревии па така Билјана Невајда Шевиќ и те како беше зафатена.

Во меѓувреме, таа го промени животот, се ориентира како угледна галеристка, стана среќно омажена мајка, а денес е и баба, Горда е на се што поминала во животот, а тоа што за Бора била фатална во тоа време не го сфатила.

Таа влезе во светот на манекенството заради својата висина, пред тоа вежбаше гимнастика, а потоа во 1968 година дефинитивно замина во светот на убавината. Таа инспирираше креации за Кристијан Диор, а на просторот на поранешната држава патуваше повеќе пати во текот на еден месец. Триесет реклами сними само во Словенија, а во Дубровник беше како дома.

Светот на славните ја доведе и до Бора Чорба. Била гостин во вечер посветена на амбасадорите, а на истата вечер свиреле Рибља Чорба и Балашевиќ.

Додека Чорба свиреле „Лутка са насловне стране“ Бора за прв пат ја здогледал Билјана. После десетина дена, тој бил во Сплит а таму се најде и Билјана па почнале да се гледаат а тој потполно полуде по манекенката.

Врската траеше шест месеци, а Билјана им откри на медиумите дека Бора никогаш не и верувал во целост, па решила да го напушти. Во тој момент, таа се за заљуби во друг и затоа ги напушти Бора и Белград. Таа се пресели во Сараево и нејзиниот живот тргна во друга насока, се омажи и има дете.

Една од најубавите девојки од Дедиње ги скрши машките срца, а Бора и напиша три песни од кои најпозната е „Остани ѓубре до краја“. Кога се разделиле баш тие стихови и ги изговорил.

„Беше вечер. Телефонот ми ѕвонеше, беше Бора. Ме молеше да се видиме да ми прочитал некои стихови. Се спремив и отидов во барот, и таму баш како во песната. Стиховите ми се допаднаа иако тоа ѓубре на почеток ми звучеше грубо. Но се сеќавам дека бев баш рамнодушна па дури и кога ја пуштија на мојата свадба. Никогаш не допре до мене, вели Билјана после 40 години откако песната ја доби својата премиера.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...