14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаСветМИЛИЈАРДЕР БИРА 1.000 ЛУЃЕ НА КОИ ЌЕ ИМ ПОДАРИ ДЕВЕТ МИЛИОНИ ДОЛАРИ,...

МИЛИЈАРДЕР БИРА 1.000 ЛУЃЕ НА КОИ ЌЕ ИМ ПОДАРИ ДЕВЕТ МИЛИОНИ ДОЛАРИ, СЕ РАЗБИРА ДОКОЛКУ ИМАТЕ ТВИТЕР ПРОФИЛ МОЖЕ И ВИЕ ДА БИДЕТЕ ИЗВЛЕЧЕНИ.

Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава ќе подари повеќе од 9 милиони долари на луѓето на
Твитер за да види дали ќе биде посреќен. Сè што треба да сторат е да ја ретвитуваат
(споделат на нивниот профил на Твитер) неговата понуда.
Маезава заработил милијарди благодарение на својата интернет-страница за купување.
Тој ќе ги избере победниците и секој од избраните ќе добие околу 9.000 американски
долари, така што ќе има 1.000 среќни добитници.
Маезава својата наградна игра ја нарекол „сериозен социјален испит“ за да види како таа
сума пари влијае врз животот на еден од избраните лица.

Победниците можат да ги користат парите како што сакаат, сè што треба да сторат е да
пополнат обрасци кои содржат прашања за тоа како ќе ги потрошат парите.
Натпреварот траеше до 7-ми јануари (извинете, доцниме) и Маезава вети дека ќе контактира
лично со секој победник.
Инаку, Маезава, чие богатство се проценува на 2 милијарди долари, свири во рок бенд, и
собира уметнички дела.
Тој исто така постави рекорд во тој домен – плати 111 милиони долари за една слика на
Жан-Мишел Басквиат.
Тој имаше слична акција за подарување парични средства на почетокот од минатата година.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...