9.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаНова измена на законот: Извршителите ќе може да ти земат само петтина...

Нова измена на законот: Извршителите ќе може да ти земат само петтина од платата

Извршителите за наплата на долговите ќе можат да задржуваат максимум една петина од плата и пензијата на граѓаните чии примања се до висина на просечната плата и пензија во земјава. Освен нив, ова ќе важи и за лицата кои примат надомест на трошоци за сместување на лице, надомест за згрижувачко семејство, како и за децата корисници на семејна пензија. Од оние кои имаат плати и пензии поголеми од просечните и натаму најмногу ќе се зема износ до една третина од примањата. Ова се клучни одредби кои вчера ги изгласаа пратениците во македонскиот парламент како измени во Законот за извршување.

Со измените целосно се изземаат од присилното извршување примањата на граѓаните кои се корисници на гарантирана минимална помош, примањата на децата согласно Законот за заштита на децата, како и примањата за социјална сигурност на старите лица, согласно прописите за социјална сигурност на старите лица. Примената на законските одредби ќе се однесува и за веќе започнатите извршувања бидејќи станува збор за поповолен закон за граѓаните.

Ваквите промени беа само дел од барањата на граѓаните кои во изминативе месеци протестираа заради начинот на кој што во нашата земја се спроведува присилната наплата на долговите од страна на извршителите.

Во своја прва реакција граѓанската активистка Ана Глигорова, која активно учествуваше во протестите, рече дека нивните барања се делумно прифатени и дека се делумно задоволни од барањата кои ќе бидат имплементирани во законите.

skopsko exo

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...

Боки вечерва повторно ќе УДРИ?! -Најавува вклучување во живо !!!

Боки 13 во поткастот „Лазаров“ зборуваше и за основањето на Меѓународен сојуз, но и за „1ТВ“. Зборуваше за функционерите, пришто кои ги обвини, за...