14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаИскасана левата рака на дете од куче скитник во Аеродром

Искасана левата рака на дете од куче скитник во Аеродром

Дете каснато од куче-скитник. Имено, вчера попладне, во скопската населба Аеродром детето било нападнато додека се движело по булеварот „Србија“. Од нападот тоа се здобило со повреди во пределот на левата рака. Случајот на полицијата и го пријавил неговиот татко.

Во овој дел од населбата зачестија случаи на напади на кучиња скитници врз граѓаните. Тоа се должи на се поголем број кушиња околу оваа сообраќајница, но и во близина на бројните станбени згради.

Активистите за заштита на животните веќе со месеци предупредуваат дека застојот во третманот на овие животни од страна на градските власти резултира со нивниот се поголем број.

-Процесот на стерилизација на бездомните кучиња е запрен. Немањето интерес, знаење, концепт, сенс продуцира најмалку 6.000 нови кучиња во Град Скопје за само половина година, алармираше пред извесно време во интервју за „Скопско ехо“, Столе Велковски од здружението „Анима мунди“.

Градските власти до сега најавуваа дека овој голем градски проблем ќе почне да се решава со профункционирањето на стационарот „Вардариште“ кој се уште се реновира. А одамна се прави и ново градски претпријатие „Лајка“. Но, веќе подолго време нема најави кога тие ќе стартуваат со работа.

Во меѓувреме, се зголемува како бројот на кучињата, за жал и на повредените граѓани.

skopsko exo

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...