17 C
Ohrid
четврток, септември 24, 2020
Почетна Македонија Пациентите се бришат со влажни марамчиња, а се тушираат со вода стоплена...

Пациентите се бришат со влажни марамчиња, а се тушираат со вода стоплена во ѓезве: Инфективната клиника нема топла вода

Translate (Eng):[gtranslate]

Влажни марамици, со топлење вода во ѓезве на решо, или во електричен апарат за кафе. Вака пациентите кои лежат во болницата за заразни болести се снаоѓаат во обид да одржат лична хигиена, оти на Инфективната клиника нема топла вода. Граѓаните што во моментов се таму и нивните блиски не се охрабруваат јавно да говорат за моменталните услови во болницата, поради страв за понатамошниот третман, објави Алфа.

Пациентите што биле згрижени и по неколку месеци во оваа болница велат дека ниту еден ден немало топла вода. На прашањата упатени кон лекарите и сестрите зошто е ова така, не добивале одговор, туку само кренати раменици. Па по ваквите информации, останува неодговорено прашањето, како може во 21 век во ваква болница да нема основни услови за одржување на хигиена.

Алфа пресретна граѓани што доаѓаа на редовен преглед. Велат, вакво нешто е недозволиво во клиники, а најмалку во инфективна болница.

РЕКЛАМА

Оти нема основни услови за хигиена, а во дел од болничките соби ни прозорците не се отвараат ниту прозорците, не е новина во Клиниката за заразни болести во Скопје. Гледачи на Алфа, што сакаа да останат анонимни, велат дека и во текот на претходните години немало топла вода.

И состојбата во дворот на Инфективна не е сјајна. Па, објективот на Алфа забележа даски, остатоци од кревети и ѓубре, расфрлани околу зградата.
Алфа побара став и од раководството на клиниката. Оттаму признаваат оти топла вода во болницата нема. Велат, состојбата е ваква цела деценија, а инфраструктурните проблеми се многубројни.

Зградата е градена уште пред 40 години, додека проблемот со топлата вода го има последните 10 години. Овој проблем не е само во нашата клиника но е проблем во склоп на мрежата и капацитетот на целиот клинички центар. Изминатите две години се направени повеќе обиди за решавање на овој проблем и во моментот се изработува комплексен проект каде инжињери од повеќе различни структури работат на решавање на проблемот врзан со топлата вода како и со електричната енергија. Во склоп на повеќето инфраструктурни проблеми се и прозорите, последните две години во ЈЗУ УКлиника за инфективни болести и фебрилни состојби интензивно се работи на реновирање на оддели каде веќе три спрата со по два оддели се реновирани а еден спрат е комплетно реновиран со се прозори, велат од Клиниката.

Додека министрите си заминуваат, а на нивно место доаѓаат нови, граѓаните и по десет години се уште немаат ни основни услови за хигиена кога лежат во болница. А најавата на нов клинички центар со современи услови, засега, останува само предизборно ветување, и на претходната и оваа власт.

- Реклами -