8.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаЕмил Јакимовски доби осумдневен притвор

Емил Јакимовски доби осумдневен притвор

Судија на претходна постапка попладневно му одреди осумдневен притвор на Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар.

– Осумдневниот притвор му е одреден затоа што станува збор за скратена постапка, а исполнети се условите за опасност од бегство, бидејќи станува збор за дела против јавниот ред и моралот – информираат од Кривичниот суд.

Јакимовски на ова има право на жалба до кривичниот совет на истиот суд.

Обвинителството утринава поведе постапка за загрозување на сигурноста при семејно насилство и по пат на информатички систем како и за непочитување судска наредба.

Обвинителството проценило, а Кривичниот суд прифатил дека постои основ Јакимовски да биде пренесен во Истражниот затвор во Шуто Оризари.

Тој беше уапсен вчера и помина речиси 20 часа во полициска станица, по серијата вербални напади и деноноќно вознемирување на новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, а и по пријава за семејно насилство.

По овие пријави, и други лица излегоа во јавност тврдејќи дека биле навредувани од страна на истото лице. Меѓу нив беше и директорката на Централниот регистар Марија Бошковска – Јанковски, која рече дека многу пати поднесувала поплаки до полицијата и се жалела дека е вознемирувана.

Минатата недела, Јакимовски доби отказ од Централниот регистар поради непочитување на колективниот договор и спорно боледување. Во меѓувреме, фан страницата на регистарот, која пред 10 години била отворена од Јакимовски, беше хакирана и беа постирани недолични постови. Бошковска – Јанковски претпоставува дека тие постови биле објавувани од Јакимовски.

Емил Јакимовски беше и активист на ВМРО-ДПМНЕ, а кон почетокот на месецов наводно бил исклучен од партијата. Тој раководеше и со неколку веб – портали.

За Јакимовски веќе има една судска пресуда за семејно насилство од март минатата година. Тој е условно осуден – ќе треба да одлежи една година затвор, доколку во наредните три години го повтори делото.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата

Не е точно дека Универзална сала е осигурана туку осигурана е фирмата која ја изведува реконструкцијата на салата во осигурителната компанија Еуролинк, а изјавата...

Боки 13: Сакам Лила да ја плукнам, ама не, мојата плунка е повредна од неа !!!

Боки 13 во поткастот наа Лазаров се осврна и на пријателството со Лила Филиповска за која кажа дека кога би ја сретнал, не би...

Малолетен учник претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае.

Малолетен учник под 14 години претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае. Насилниот ученик најпрвин нападнал неколку деца, а кога наставничката...

Боки 13: Вилма Рускоска на прославата од 1-Тв беше пијана, се вртеше како Рингишпил.

По повеќегодишна медиумска апстиненција и 4 години поминати во затвор, Боки 13 вечерва гостува во поткастот на Стефан Лазаров. Како и секогаш, искрен и без...