14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаМу аплаудирале кралеви и кралици, но не смее да го искритикува градоначалникот...

Му аплаудирале кралеви и кралици, но не смее да го искритикува градоначалникот на Штип: Советничка на Бочварски го нападна маестрото бидејќи се пожали на ладната сала

Кристина Костова, консултант за комуникации на градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, на својот твитер профил жестоко го критикуваше светскиот виртуоз на пијано Симон Трпчевски.

Причината поради која Костова го напаѓа маестро Трпчевски е неговата критика упатена пред почетокот на новогодишниот концерт во Штип, на кој солистички настап имаше току Трпчевски.

Тој пред преполната сала искажа јавна умерена и конструктивна критика кон нечовечките услови во кои бројниот оркестар беше принуден да свири – односно ладната сала, нефункционалните радијатори и уште низа помали технички пропусти и грешки.

Ова питомо и духовито обраќање на големиот уметник не ѝ се допадна на Костова, која на својот твитер профил го прозиваше Трпчевски зошто не се побунил кога на негов концерт доцнел поранешниот премиер Никола Груевски.

Симон Трпчески е меѓународно истакнат македонски класичен пијанист. Тој е еден од најафирмираните македонски изведувачи и веројатно најдобриот македонски пијанист на сите времиња. За неговиот талент сведочат мноштво меѓународни успеси и највисоки критики, како и генералното мислење на музичките критичари ширум светот. Во 2011, Трпчески станува прв носител на титулата Национален уметник на Република Македонија.

Извор republika online

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...