10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаЗабаваБолниците во Македонија опремени со нови 1.500 aпарати за коцкање !!

Болниците во Македонија опремени со нови 1.500 aпарати за коцкање !!

Конечно македонските граѓани ќе добијат современo здравство по сите европски стнадарди. Министерството за здравство објави дека Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и другите болници ширум оваа држава ќе бидат опремени со нови 1 500 најсовремени апарати за коцкање. Со оваа круцијална инвестиција значително ќе се олесни животот на пацинетите, чии животи и онака досега беа ставени на коцка.

„Со оваа, би рекол, најзначајна инвестиција значително ќе ја подобриме услугата за нашите пациенти. Повеќе пациентите нема да мораат да одат до најблиските казина и обложувалници за да си го остварат своето неопходно право на коцкање со животот. Животот на апарати воопшто не е лесен. Се надеваме дека со оваа инвестиција ќе внесеме барем малку љубов, ведрина и среќа кај овие луѓе.“ – изјави за нашата редакција министерот за здравство Венко Филипче.

Овој текст е измислен со цел да привлече внимание и да ја прикаже реалноста за здравството во Македонија. Додека нашите болници се во колапс државата купува 1.500 машини за коцкање.

#коперација

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...