18 C
Ohrid
сабота, септември 26, 2020
Почетна Австралија Сиднеј- Осветен новиот Фреско Мозаик во црквата Света Петка-Рокдајл (фотографии)

Сиднеј- Осветен новиот Фреско Мозаик во црквата Света Петка-Рокдајл (фотографии)

Translate (Eng):[gtranslate]

На еден од најголемите православни празници пред мноштво на македонски православни верници се освети Фреско Мозаикот на патрониот светец на црквата – Света Петка.

Според традицијата,пракса е на влезната врата на Црквата да стои икона, фреска или мозаик на патрониот светител на црквата  вели Отец Владо Недески.

Мозаикот се изработуваше околу половина година а е изработен на иницијатива на Свето Јонското Цапарско друштво во соработка со уметникот Даниела Недеска и управата на црквата св. Петка

РЕКЛАМА

Изработката на Мозаикот го помогнаа фамилиите од споменатото Свети Јонското друштво на Цапарци и уметничката Даниела Недеска со фамилијата а помош имаше и од управата на црквата со посебен ангажман на г-дин Кирил Марковски

Изработката е макотрпна и бара трпение љубов умешност и сето тоа испреплетено со молитва

Осветен е Фреско Мозаик на големиот празник Богојавление пред мноштво Македонски Православни верници. За многу години

 

Отец Владо Недески од МПЦ Св Петка Рокдеил на чинот на осветување на новиот Фреско Мозаик

Уметникот Даниела Недеска со фамилијата  макотрпно работеше на изработката на мозаикот

Новиот Фреско Мозаик ја краси влезната врата на црквата Св Петка

Самиот чин на изработка во вештите раце на уметникот Даниела Недеска

Процесот на изработка

Отец Валдо Недески со дел од македонските православни верници

 

Големиот мозаик ја краси влезната врата на црквата Св. Петка

 

- Реклами -