8.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаМечето Теди од штипскиот ЗОО парк во март се сели во соседна...

Мечето Теди од штипскиот ЗОО парк во март се сели во соседна Бугарија.

Мечето Теди од штипскиот ЗОО парк, поради немање на соодветни услови, дефинитивно во март се сели во „Паркот на танцувачките мечки во Белица“, соседна Бугарија, кој е под фондацијата „Брижит Бардо“ и „Четири шепи“. Тоа е огромен резерват, каде Теди ќе добие соодветна грижа и најдобри услови.

– Среќна сум што на крај ова мече ќе го дибие она што го заслужува, а тоа е широк простор, ледини, да си трчка и да си живее како што треба да живее едно мече. Во Битола во зоолошката има исто така мечка во несоодветни услови, во волкав мал кафез како овде. Мислам дека тоа ќе биде следната битка, којашто следува во иднина, за тоа мече да добие подобри услови, а во скопската Зоолошка имаме четири мечки, од коишто две, исто така ќе патуваат во резерват, бидејќи сакаме да направиме едно огромно живеалиште, коешто ќе биде по сите светски стандарди и најдобри услови за мечките. Навистина, тие се македонско национално богатство, се заштитен вид и заслужуваат да имаат најдобар живот – изјави Тина Мицковска, портпарол на Зоолошка градина Скопје.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...