14.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонија''Студентите нема повеќе да се гладни, ќе им даваме по 120 денари...

”Студентите нема повеќе да се гладни, ќе им даваме по 120 денари дневно за оброк, на државна сметка”…

Државата да исплаќа по 120 денари дневно за оброк на студентите од државните и приватните факултети – ова го предвидува предлог-законот кој денеска ќе се најде пред пратениците откако Владата даде позитивно мислење за предложените законски решенија, кои ќе се носат по скратена постапка.

Со законот се предвидува студентите на додипломски студии, преку дигитални картички или мобилна апликација, во работните денови од понеделник до петок, да можат да ги искористат субвенциите во правните субјекти што ќе склучат договор со Министерството за образование. Правото на субвенции студентите ќе можат да ги користат од 8 до 20 часот, освен во периодот од 1 јули до 14 септември или за државни празници. Под студентски оброк во законот е дефинирано „јадење што се случува во одредено време и вклучува одредена приготвена храна.“

„Предложениот закон ќе им овозможи на студентите, кои се државјани на Република Северна Македонија, подобар животен стандард и можност да ги користат истите поволности што ги користат и студентите во европските земји. Воедно, со законот ќе се мотивираат студентите да се хранат здраво за значително пониска цена од онаа досега, со што ќе се подигнат студентскиот стандард и здравиот начин на живoт“.

стои во предлог-законот поднесен од група пратеници од ЛДП, СДСМ и ДУИ.
Доколку законот биде усвоен, МОН ќе треба да донесе и подзаконски акти, со кои ќе треба да ги допрецизира правилата за субвенционирање, водењето евиденција, надзор и санкции.

Позитивни примери за ваква мерка има во Словенија, каде студентите имаат студентско мени и попусти во голем број угoстителски објекти, а право на оброк имаат три пати на ден.

Истражувањата во Македонија пак, покажуваат поразителни податоци и низок студентски стандард кога е во прашање хранарината. Последните податоци на Младинскиот образовен форум покажаа дека државата за исхрана на еден студент во студентските домови издвојува само 1 евро дневно, што резултира со лош квалитет и недостиг на понуда.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Како за Бајрам така и Велигден- Бесплатно шишање за сите деца од Православна вероисповед

Како за Бајрам така и Велигден. Почитувани мои Охриѓани, се ближит големиот Православен празник-Велидген. Одлучивме заедно со Берберот Емин Алим од "Barber shop Shogun"на 28.04.2024 (Недела)во...

Уапсен Охриѓанец- Го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид. По целосно документирање на настанот, против него...

Пецаков: Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја

Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја и беше еден...

На гласачко место во Скопје пронајдена испукана димна бомба !!!

Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без...