8.8 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаСвет(Видео) Со едно минутно молчење започна натпреварот помеѓу Хјустон рокетс и Денвер...

(Видео) Со едно минутно молчење започна натпреварот помеѓу Хјустон рокетс и Денвер нагетс

spot_imgspot_img

Првиот натпревар од ноќешната програма во НБА помеѓу Хјустон рокетс и Денвер нагетс, очекувано, почна со едноминутно молчење во чест на големиот Коби Брајант, кој загина денеска во хеликоптерска несреќа во близина на Лос Анџелес.


Кошаркарите на двата тима како и присутните на трибините во неверица гледаа во големиот екран во салата на кој стоеше ликот на поранешната ѕвезда на Лејкерс со датумите на неговото раѓање и неговата смрт. На повеќето лица можеа да се забележат и солзи, кои многумина не можеа да ги задржат од тага поради големата трагедија која го зеде сигурно еден од најдобрите кошаркари во историјата на овој спорт.

Играчот на „ракетите“, Пи-Џеј Такер на своите патики го имаше испишано бројот на Брајант, како и кратенката „РИП“, која означува „почивај во мир“, а на сличен начин почит изразија и уште неколкумина од таборите на двата тима.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...