8.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаВладата пресече: Поради загадувањето службените возила ќе се возат 50% помалку

Владата пресече: Поради загадувањето службените возила ќе се возат 50% помалку

По надминувањето на дозволениот праг од 175 милиграми во еден метар кубен на ПМ10 – честички Владата ги активира мерките и препораките со цел да се намали загадувањето на воздухот. Мерките ќе се применуваат во Скопје и во Тетово.

Министерствата за животна средина и за здравство ќе им препорачат на работодавците да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар. На работодавците им се препорачува и да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11:00 до 17:00 часот, да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено. Се бара и да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.

Влада ги задолжи државните органи и општините да ја намалат употребата на службените возила до 50 проценти, да се обезбедат прифатилишта за сместување на бездомници.

Државниот инспекторат за животна средина е задолжен да врши почеста контрола на инсталациите кои што поседуваат А – ИСКЗ дозвола и на кои им се препорачува да го намалат производството до 50 проценти.

Градежните компании имаат обврска да користат вода за намалување на прашината при градежни активност и градежните машини (багери, булдожери, виљушкари) да се пренесат до градилиштата до 7:30 часот наутро.

извор: скопско ехо

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна навреме и без проблеми

Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во Казнено-поправните домови и лица во притвор, во старски домови и наши државјани во странство, можат да гласаат...

Не го издржа притисокот: Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија.

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники...

Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата

Не е точно дека Универзална сала е осигурана туку осигурана е фирмата која ја изведува реконструкцијата на салата во осигурителната компанија Еуролинк, а изјавата...

Боки 13: Сакам Лила да ја плукнам, ама не, мојата плунка е повредна од неа !!!

Боки 13 во поткастот наа Лазаров се осврна и на пријателството со Лила Филиповска за која кажа дека кога би ја сретнал, не би...