14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаАвстралијаМакедониците низ светотЕдинствениот монах Македонец со потекло од Лерин се моли на македонски на...

Единствениот монах Македонец со потекло од Лерин се моли на македонски на Света Гора

Славата и парите не биле доволни за да го задржат во светот. Георгиос Теохарис од Лерин, по потекло Македонец, се искачил на највисоките скалила во шампионатот за борење, освоил 11 медали, но, кариерата, семејството, пријателите и домот, ги оставил зад себе и пред околу две децении побегнал на Света Гора, во Катунакија, каменлива област на југот од Атонскиот полуостров.

 

Таму Героргиос, го добил монашкото име отец Василиј и го започнал аскетскиот живот. Македонците од Егејска Македонија тврдат дека тој е единствениот монах Македонец, кој молитвите ги кажува на македонски јазик.

 

– Тој е од Лерин. Пред многу години замина на Света Гора и во пештерата чита молитви на македонски јазик. Тој е единствениот од цела Цариградска патријаршија, значи од Ерусалим па наваму, кој се моли на нашиот јазик, вели Василис Каритидис од Леринско на Фејсбук.

-Тој монах е пресвет човек, живее само на леб и печурки, прави супа или некоја чорбичка. Еден леб јаде 38 дена, тој е на строг пост и молитва. Има 75 години а од него зрачи светлина и милост. Тој не е во заедништво со ниту една патријаршија, затоа што се моли и изговара молитви на македонски јазик. Не разговара со луѓе и не прима посети. Јас сум доктор и одам насекаде низ Света Гора. Работам, помагам, давам лекови и неколку пати и на братот во Христа монахот Христодомис, со световно име Георгиос од Лерин сум се видел, раскажува Василис.

 

И покрај тоа што Василис напиша дека монахот се вика Христодомис, грчките медиуми пишуваат дека неговото монашко име е отец Василиј.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...