11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаАзијците од корона-видеото, биле од Обединети Нации и ја учеле македонската младина...

Азијците од корона-видеото, биле од Обединети Нации и ја учеле македонската младина за мир и толеранција

Да биде иронијата поголема, тие држеле работилница со деца од основно училиште во Св. Николе на тема мир, толеранција и меѓусебно почитување, во паралелки од прво и второ одделение.

Странците од видеото што вчера ја запали македонската јавност кои беа брутално вербално нападнати и снимани од скопјанец, кој со погрдни инсинуации и ксенофобични испади ги бркаше од земјава нарекувајќи ги корона, всушност биле претставници на невладина организација при Обединетите Нации на посета во Македонија.

Како што пишува „Слободен печат“, тие вчера биле во Свети Николе, како дел од невладината организација при ОН Heavenly Culture World Peace Restoration of Light. Да биде иронијата поголема, тие држеле работилница со деца од основно училиште во Св. Николе на тема мир, толеранција и меѓусебно почитување, во паралелки од прво и второ одделение.

Директорката на светиниколското основно училиште Кирил и Методиј, Саша Мицевска, за „Слободен печат“ вели дека посетителите биле прекрасни предавачи, многу организирани, со флаери, постери и наставни листови, а на дечињата им поделиле и подароци.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...