20.5 C
Ohrid
среда, јули 2, 2025
ПочетнаМакедонијаРаботиме брзо и посветено: За три до четири години, граѓаните ќе...

Работиме брзо и посветено: За три до четири години, граѓаните ќе добијат нов автопат во должина од 2 километри…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Временскиот период на договорот според кој градежниот изведувач „Гранит“ треба да ги изгради првите два километри од автопатската делница од Скопје – Блаце е постигнат на 42 месеци, пишува во објавените услови кои се заемно договорени со инвеститорот.

<

Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е 881.742.867 денари или околу 14,3 милиони евра. Делницата од граничниот премин „Блаце“ до селото Блаце е дел од коридорот 10 кој треба да се комплетира до Скопје.

Од Скопје за Приштина ќе се стигнува за помалку од еден час, но кога ќе биде пуштен во употреба целосниот автопат од 12,5 километри засега нема прецизни рокови. Единствено се знае дека првите 2 километри ќе почнат да се градат на пролет, а проектот за останатите 10 километри допрва ќе се прави.

„Знам дека може да ви звучи дека е малку 2 километра за толку напор, меѓутоа автопат на таков географски терен во отсуство на било каков претходно подготвителен проект значеше многу ангажман на многу институции“, рече вицепремиерот Бујар Османи како координатор на проектот на потпишувањето на договорот.

Според договорот, „Гранит“ ќе гради како што ќе се ослободува теренот со експропријацијата, а јавното претпријатие Државни патишта ќе му плаќа авансно на периоди за да ја мобилизира оперативата. Доколку вонредните трошоци се поголеми од 15 отсто од предвидената сума, надзорникот ќе одредува колку треба да му се доплати на операторот.

Инаку за автопатот Скопје – Блаце долг 12,5 километри обезбедени се 120 милиони евра, 70 се кредит, 27 грант, а остатокот државни пари.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...