6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаПрвиот човек на труд и социјала во Прилеп, јавно се залага за...

Првиот човек на труд и социјала во Прилеп, јавно се залага за иселување на младите

Прес конференцијата на ВМРО ДПМНЕ:

“Тој во екот на работното време на својот Фејсбук профил јавно сподели соопштение на агенција која се занимава со посредување за вработување на млади луѓе во Германија.

Замислете, првиот човек на труд и социјала во Прилеп јавно се залага за иселување на младите од нашиот град.

На ваков начин Дејан Тошески им го покажува правиот пат на младите, ПРАВ ПАТ КОЈ ВОДИ ЗА ГЕРМАНИЈА!

На ваков начин оваа одродена и башибозук власт на СДСМ планира да ја намали младинската невработеност во Република Македонија и да се ослободи од квалитетните и стручни кадри.

Oва ли се проектите за младите кои ги промовираше и градоначалникот Илија Јованоски?

Впрочем што да очекуваат младите и граѓаните од човек кој своите деца ги згржи во странство, а овде лицемерно ветуваше враќање на иселените во Прилеп.

Вака ли работите за враќање на оние 600.000 иселени луѓе кои со години ги споменувавте и редевте чевли пред владината зграда?
Свесни ли се за вашето лицемерие и дволичност? Затоа што ако вие не сте граѓаните целосно се свесни и многу добро проценија со кого си имаа работа изминатите 3 години.

Почитувани,

Не случајно Република Македонија е на самиот врв во светот по бројот на млади невработени лица. Со вакви кадри на функција во институциите состојбата нема воопшто да се промени.

Како младите да веруваат во подобра и поубава иднина, кога самите функционери на власта не веруваат во тоа?

Му порачуваме на Тошески и на сите од власта кои намалувањето на младинската невработеност го гледаат со испраќање на младите во странство, токму тие да ги напуштат удобните фотељи и да чекираат карти за работа надвор од Македонија, па барем така еднаш нешто да сработат во своите животи и кариери.

На 12-ти април младите ќе расчистат и со Тошески и со Талески и со Јованоски и со сите вакви патолошки лажговци кои ја уништуваат државата и нашата иднина.

Со вас е крај!”

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...