4.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаПолитичарите повторно излажаа: Малиот Милош кој одеше на училиште со Магаре, сега...

Политичарите повторно излажаа: Малиот Милош кој одеше на училиште со Магаре, сега се превезува во тракторска приколка..

„Детето со сонце во очите“ – вака го нарече јавноста Милош од Живиње, чија приказна ги мобилизираше и хуманитарците и надлежните. Сликата од деветгодишното момче, кое родено со срцева маана, a секојдневно со часови пешачи до школо или оди со магаре, предизвика лавина од посети, донации, но и политички ветувања.

Сепак, се застана тука.

Го посетивме за зимскиот распуст. Во малата просторија во која крпат живот со неговото семејство, не пречекаа како домаќини. Милош ни читаше песни кои од понеделник ќе треба да ги рецитира на училиште, а тогаш почнуваат и неговите предизвици. Речиси една година по сторијата на Тв24, државата не најде трајно решение за децата од Живиње кои немаат школски превоз. Па ова полугодие, Милош има ново превозно средство.

„Кога е невреме…лошо кога врне…таму си седи во приколчето на тракторот…Има таму сунѓери и така..си има фотелја си седи..јас имам шушкавни едни пантолони да не ме врне..а тој си седи внатре…” – вели неговиот татко Трајан.

Како Милош има уште две деца во ова село кои ја делат истата мака. Државата нашла решение, да им дава паричен надомест за гориво, иако двете семејства немаат автомобил.

Министерството за образование остана глуво на нашите прашања. Градоначалниците пак, кои ги делат ингеренциите ова село, имаат различни ставови. Првиот човек на Општина Петровец уверува дека работат на трајно решение.

тв 24

 

 

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...

Ковачевски најавува победа со над 61 пратеници на парлементарните избори

СДСМ и Коалицијата за европска иднина ќе добијат голема поддршка од граѓаните и ќе ја формираме новата Влада која најдоцна до 2030 година ќе...