10 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаАвстралијаПостапка за признавање на македонските возачки дозволи во Австралија

Постапка за признавање на македонските возачки дозволи во Австралија

Наќе Чулев, техничкиот министер за внатрешни работи, објави дека деновиве е отпочната постапка за признавање на македонските возачки дозволи со Комонвелтот на Австралија

„Министерството за внатрешни работи поднесе апликација до Агенцијата задолжена за издавање возачки дозволи во Комонвелтот на Австралија односно агенцијата “Austroads”, која е потврдена од австралиска страна“, напиша Чулев на Фејсбук.

Тој очекува позитивен одговор од надлежните органи во Австралија во најкус рок, со што на македонската дијаспора во Австралија ќе и се олесни процедурата за замена на возачките дозволи.

Како што пишува министерот, тоа дополнително ќе ги намали трошоците кои произлегуваат од полагањето на испит за стекнување со австралиска возачка дозвола

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...